Роберт Билбилов
Нова песна во еден здив
На радост на неговите обожаватели, кратко по враќањето од САД, најавува нова песна, насловена „Себична“. „Песната, како и сите други, е направена во еден здив, затоа во неа и ги има сите емоции. Музиката, аранжманот и продукцијата се мои, додека текстот е на мојата верна текстопистка Ивана Николовска, која се' повеќе гази со текстовите. Многу добро ме разбира што сакам да кажам, што чувствувам...“, вели Билбилов.
Интересно е што на новата песна има два машки бек вокали - Димитар Андоновски и Александар Тарабунов. „Секогаш го ценам мислењето на другите, особено на луѓе што добро ја познаваат музиката и се мои искрени пријатели... Се надевам дека песната ќе допре до сите слушатели, до сите што ја почитуваат мојата музика и мојата личност...“, додава Билбилов во своето обраќање до јавноста. |