Турборок-фестивал во Скопје!
За инает на турбофолкот - „Авалон продукција“ најавува нов целовечерен проект насловен „Турборок-фестивал“! Скопје подготви се' за добра свирка - фестивалот е закажан за 11 март наредната година во „Метрополис арена“, а на него настапуваат: „Влатко Стефановски трио“ (Македонија), „Дисциплина кичме“ (Србија), „Забрањено пушење“ (БиХ), „Психомодо поп“, „Лет 3“ и финале во 2 часот по полноќ со „Поздрав Азри“ (Хрватска).
Влезниците за шестчасовната програма ќе бидат пуштени во продажба од 25 декември по цена од 600 денари. |