Скарлет Јохансон
Развод по две години брак со Рајан Рејнолдс
По малку повеќе од две години брак, Скарлет Јохансон и Рајан Рејнолдс потврдиле дека се разведуваат.
„По долго и внимателно разгледување, одлучивме, конечно, да го завршиме нашиот брак. Во врската влеговме со многу љубов и со такви чувства ја напуштаме. Иако не го очекуваме тоа, ќе го цениме почитувањето на нашата приватност“, се наведува во соопштението на актерската двојка.
Како што наведува магазинот „Пипл“, Скарлет го иницирала разводот, а конкретниот повод се' уште не е познат.
Триесетгодишниот Рејнолдс и Јохансон, осум години помлада од него, по кратка врска, се венчаа во тајност, во септември 2008 година во Ванкувер. На свадбата присуствувале само членовите на најтесното семејство и пријателите. Рајан и Скарлет, за разлика од повеќето свои холивудски колеги, ја чуваа својата интима и многу малку детали од нивниот брак и' се познати на јавноста, а вистински куриозитет е дека никаде не се појавија фотографии од нивната свадба. |