Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Забава

Алина Кабаева

Љубовницата на Путин во „Вог“

Новата уредничка на руското издание на магазинот „Вог“, Викторија Давидова, ја ставила наводната љубовница на Владимир Путин, 27- годишната Алина Кабаева, на насловната страница на јануарскиот број. Меѓу нозете на фотографијата е ставен и адекватен наслов: „Нејзината главна победа“.

Младата Алина е руска ѕвезда во ритмичка гимнастика, која во Атина 2004 освои златен олимписки медал. Модните критичари веќе и' најдоа забелешка на насловната страница, зашто Алина е облечена во златен фустан „балман“, во кој неколкупати се појавуваше на насловните страници и модни магазини ширум светот во текот на 2010 година.

Врската меѓу младата Алина и премиерот на Русија никогаш не беше потврдена, најверојатно, затоа што Путин и натаму е во брак, но според неофицијалната верзија, познатата гимнастичарка минатата година му родила дете. Идентитетот на таткото не сакала да го открие. Медиумите што пишуваа за нивната врска, мистериозно пропаднаа.

Тие двајцата, наводно, не се веќе заедно, па Алина судејќи според се', токму затоа и се решила да се согласи и да се појави на насловната страна.

Со оглед дека ова е прв број на „Вог“ под диригентската палка на Викторија Давидова, останува да се види дали името на оваа госпоѓа ќе остане во импресумот на февруарскиот број.


#
Статијата е прочитана 1228 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 16.12.2010 13:56:24
Gospodin Putin ..junak vo site sveri neknja gi odusevi prisatnite so peenje i svirenje ..ama ne mu e ni do kolena na Berluskoni .....nema Putinco hrabrost da prizna deka e ili ne ljubovdija ..ete sto ti znaci da si pod komanda na Rusinka Ha....

Најди! во Утрински
Забава
Развод по две години брак со Рајан Рејнолдс
Магијата на вештачките трепки
Северина на календар
Елена како режисер на новиот спот
Нова песна во еден здив
Рокерот стана советник на Обама
Настап на Четкар во Бруклин
Напролет концерт
Турборок-фестивал во Скопје!
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census