Број 3373  четврток, 02 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Средба со Нимиц ќе има, не се знае за предлог

Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, најави дека делегацијата што ќе учествува на Генералното собрание на ОН во Њујорк кон крајот на месецов ќе има средба со медијаторот Метју Нимиц, но дека нема информации за евентуален негов нов предлог за надминување на спорот.

Според Милошоски, Нимиц, најверојатно, чека позитивен сигнал од зачестените билат��рални средби меѓу македонските и грчките официјални претставници и создавање поволна атмосфера пред да направи пробив во однос на прашањето. Веројатно, смета тој, се работи за негова процена дека долгогодишниот спор не може да се надмине само со формално доставување нови предлози што би биле одбиени од едната или од другата или, пак, од двете страни.

„Од македонска страна постои подготвеност и прагматизам за надминување на овој долгогодишен спор, но очигледно е дека иако во Грција има една нова форма во односите, нова отвореност во комуникацијата со македонското раководство, сепак, во однос на суштината на самиот проблем и прагматичноста за негово надминување немаме добиено никаков позитивен сигнал“, изјави шефот на дипломатијата.

За информациите во грчките медиуми дека „Северна“ или „Вардарска Македонија“ би можеле да бидат прифатливи солуции за затворање на спорот, Милошоски вели дека не би сакал да шпекулира, но оти е очигледно дека од грчка страна се нагласуваат одредени можни иницијативи кои ја протежираат нивната димензија за решение на проблемот.

„Очекуваме од грчката страна да ја согледа реалноста оти овој спор е билатерален и дека секоја држава и нација има право на свој идентитет, суверенитет, самостојност и самоопределување. Во рамките на тие меѓународно утврдени правила, би можеле да трагаме по заедничко решение“, изјави Милошоски. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 1339 пати.

Испрати коментар

Од: viki
Датум: 02.09.2010 12:39:29
taka naslednicite na tito setaa od brioni do ohrid,barajki sto vika ivanov-komromisno resenie i go najdoa-ja rasturija najubavat drzava koja nekogas ja imale site narodi na ovie prostori(iako nekoi javno ne prizmavaat)
Од: До Вики
Датум: 02.09.2010 13:58:33
Ех колку беше убава со какво клање се растури. А мојот македонски народ во соседството не му се признаени малцински права во ЕУ демократии. А и економски лажно ЈУ ја фалевме па се гледа ден денес нема средени школи патишта пруги села без струја а една Чешка ееее каде беше ама ние се фалевме. Секое село фабриче патишта пруги аптеки урбанизирано а нашите села ги напуштивме и исти останаа.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Насловна
СДСМ ја тргна рампата од деловникот
До парче леб преку работа на црно во странство
Фамилијарниот бизнис во Центар
Бакнежи за восочната двојничка
Џагор ги исполни училиштата
За децата се работи
Бениќ испушти реми против Германија
Барокна зграда за Трајановски под Кале?
Дали можеме да го регулираме системскиот ризик?
Заложничката драма ги откри дефектите на системот
Прељубиште пример за модерно европско образование
Карикатура
Магазин