Број 3373  четврток, 02 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Прељубиште пример за модерно европско образование

Информатичката наука за почеток ќе ја совладуваат 35 ученици

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Во селото Прељубиште, Општина Јегуновце, вчера почна со работа прво средно мултиетничко училиште. На училишното ѕвонче се одзваа 35 ученици кои ќе ја совладуваат информатичката наука. Во првата година, распоредени во две паралелки, учениците ќе след��т настава на македонски и на албански јазик.

Училиштето во Прељубиште, единствено не само во Македонија, туку и на Балканот, ќе работи во состав на Средното стручно училиште „Моша Пијаде“ од Тетово. Оваа образовна институција е основана со одлука на владата на Норвешка и на Министерството за образование, како втора фаза на проектот за унапредување на интеретничката комуникација и меѓунационалната толеранција. Проектот се реализира преку НВО „Нанси дијалог-центар“ од Скопје.

„Отворањето на училиштето во Прељубиште претставува историски ден не само за Јегуновце, туку и за целиот регион“, изјави Стејнер Брин, директор на „Нанси мрежата“ за Европа. Тој нагласи дека во вакво училиште се гради иднината на Европа и додаде дека прашањето за интеграција на земјите и народите е најголем предизвик.

Отворањето на интегрираното училиште претставува значаен настан, тоа го потврди и фактот што во Прељубиште дојдоа и амбасадорите на ОБСЕ во Македонија, Хозе Луис Хереро, на Норвешка, Кјетил Паулсен, како и членовите на Владата, вицепремиерот Абдулаќим Адеми и министерот за образование, Ник��ла Тодоров.

За изградбата на училиштето, владата на Норвешка додели 110.000 евра. Објектот располага со 350 квадратни метри корисна површина. „Оваа година со помош на Министерството за надворешни работи на Норвешка изградивме училиште, мало по големина, но големо по значење. На ова место се развива новиот современ модел на европско образование - интегрирано и двојазично. Интегрираното основно училиште, кое овде работи веќе две учебни години, и ова сега - средното се двете училишта кои ќе бидат дел од историјата на новиот образовен систем во Македонија“, нагласи Сашо Стојковски, координатор на проектот и извршен директор на НДЦ Скопје.

Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, рече дека настава во Прељубиште ќе следат 35 ученици. „Како што ќе се развива проектот, така и ќе се доградува, за да прифати наредни генерации“, нагласи Тодоров.

Учениците се распоредени во две училници, 20 со настава на македонски и 15 на албански. Три пати во неделата учениците заеднички ќе слушаат предмети на двата јазика. Марјан Стаматовски од селото Туденце е еден од првенците во училиштето. „Најважно е што ќе учам тоа што сум посакувал - електроинформатика. Ќе дадам се' од себе во реализација на целите“, вели овој ученик. Неговиот врсник Бесарт Јусуфи од селото Палатица рече дека недоволно го познава македонскиот јазик и дека сега ќе има можност да го совлада. „Ќе биде добро и интересно за сите. Се надевам дека ќе успееме“, вели Јусуфи.

Новите средношколци заминаа во своите училници. Со нив на свеченоста беа веќе „старите“, интегрирани преку наставата од основното образование кои и трета година ќе ги надминуваат јазичните бариери, разликите. И понатаму ќе се работи на зближување на учениците и родителите, на отворена комуникација, дијалог, толеранција и надминување на стереотипите и предрасудите.


#
Статијата е прочитана 1140 пати.

Испрати коментар

Од: koce
Датум: 02.09.2010 03:08:02
ke se formira nov jazik albano makedonski jazik.vaka li vo eu.ne fala
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 02.09.2010 04:55:21
Utrinski e eden, od naj misaono slobodarski vesnik vo Makedonija, se nadevam ce mi dozvolat mojov komentar da go pustat!Gojkoooo! .TRESLA SE GORA ,SE RODI GLUSEC! ZNAM LEPCETO TI E TUKA VO POSLEDNIVE Pedeset Godini-Da pisuvas!Vo Tetovsko se veli; Gojkoooo: Pokri pa Zelaj,il Placi!,Sto ,da se lazeme;Bitkite za Tetovsko odamna se izgubeni ,a sega i Ratot e izguben.,a ova,vo Prelubiste; e :Pepel vo oci za slepite,a netreba im pepel, i taka se Cori![ Preljubiste=Trojanski Konj}; Gojko Te Molam ,ne ucestvuj ,vo ovie Melogomanii! Ima edna ; Nee vazno ,sto Konjot ni izbega, vazno e oglavot go imame,Vozot ni zamina ama Vozniot bilet ni e vo Zep! Gojko !Povece Ocekuvav od Tebe, da posle tolku godini -Bideds Analiticar ,a ne izvestuvac!
Од: Тони
Датум: 02.09.2010 09:21:25
Не сум знаел дека во современа Европа постои (или ќе постои) современ модел на образование (интегрирано и двојазично). Не сум знаел дека во Европа ќе учат информатика на македонски и албански истовремено!!! Колку образованието не зближува говори самиот текст: „Неговиот врсник Бесарт Јусуфи од селото Палатица рече дека недоволно го познава македонскиот јазик и дека сега ќе има можност да го совлада“. Стигнал до средна школа, а не го знае официјалниот јазик на државата! Ако не отишол на информатика, веројатно никогаш нема да има потреба од употреба на македонскиот јазик. Какво е ова лудило. Дали е ова зона на самракот? Така ли ќе се изгради унитарна, самостојна, независна, социјлана, дермократска, ГРАЃАНСКА Македонија? НЕ! Така може да се создаде недефинирана творба составена од племиња, кланови, банди, кои еден ден само ќе се распрснат на сите страни на светот! А, ние Македонците немаме друга држава!!!!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 02.09.2010 09:32:18
Најубав пример за „модерното европско образование“беше прикажан вчера на една од телевизиите. Во центарот на Куманово-Ѓубре,Реа,Остатоци од дрва,искршени прозорци,ѕидови и фасада во распаѓање,распаднати и затнати тоалети... Неподнослива Смрдеа,но пред зградата,на самиот влез „е-Македонија“-Компјутер,Интернет,Фејсбук... Македонија и сенешто е можно!Најверојатно,вака ја замислуваат „Европска“ Македонија и нејзиното „европско“образование и во XXII век!
Од: Goran
Датум: 02.09.2010 11:18:10
Proektot kako zamisla e dobar i treba da se poddrzi. Samo onoj sto ne i saka dobro na zemjava, kazuva deka zaednickiot zivot megju makedonci i albanci ne e vozmozen. I ednite i drugite sme se zgodile tuka i konecno treba da se nadminat stereotipite i otfrlat politicko-religioznite vlijania vrz etnikumite vo Makedonija. Oti zemjava ni e tatkovina kolku nam, makedoncite, tolku i na site drugi sto sonceto za prv pat go videle na ova nebo. A obidot da se nadmine postoeckata netrpelivost, bi imal najdobri rezultati dokolku idninata(mladite generacii) na ovaa zemja se vklucat vo toa.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Насловна
СДСМ ја тргна рампата од деловникот
До парче леб преку работа на црно во странство
Фамилијарниот бизнис во Центар
Бакнежи за восочната двојничка
Џагор ги исполни училиштата
Средба со Нимиц ќе има, не се знае за предлог
За децата се работи
Бениќ испушти реми против Германија
Барокна зграда за Трајановски под Кале?
Дали можеме да го регулираме системскиот ризик?
Заложничката драма ги откри дефектите на системот
Карикатура
Магазин