Број 3373  четврток, 02 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

СДСМ ја тргна рампата од деловникот

СДСМ ќе се врати на координациите во парламентот за да придонесе за поповолен извештај од ЕК

Пратениците од СДСМ ќе се вратат на координациите во парламентот, ќе гласаат за каков било деловник што ќе го предложи ВМРО-ДПМНЕ и ќе се откажат од иницијативата за формирање собраниска комисија за контрола на ревизорските извештаи. На ваков начин најголемата опозициска партија планира да даде придонес за откочување на политичкиот дијалог, како еден од критериумите што треба да се исполнат пред затворањето на годишниот извештај на Европската комисија за Македонија.

„Со ова критериумот за функционален политички дијалог е во целост исполнет и симнат од дневен ред. Таму каде што ние како опозиција можевме да влијаеме - работата е завршена“, изјави вчера лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Делегацијата на ЕУ во Скопје веднаш ја поздрави одлуката на опозицијата, која, пак, за владејачката ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека пратеничката група на СДСМ „не размислува, не гласа и не учествува во политичкиот дијалог по свое убедување, туку го прави тоа во согласност со расположението на Црвенковски“.

„Зајакнатиот политички дијалог и усогласувањето во однос на Деловникот ќе ги зголемат ефикасноста и демократскиот капацитет на парламентот, како и општата корист за граѓаните. Ги охрабруваме сите политички партии да работат во духот на консензусот, со цел да се справат со сите отворени прашања“, посочија од делегацијата на ЕУ во Скопје.

Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, во својство на член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, на прес-конференција оцени дека Црвенковски се однесувал калкулантски, непродуктивно и политички незрело, бидејќи со мали трикови сакал да изигрува голем политичар.

Премиерот Никола Груевски минатата недела ги критикуваше опозициските пратеници поради бојкотот на собраниските координации, обвинувајќи дека нивна цел е Македонија да не добие позитивен извештај од ЕК. Во меѓувреме, кулминираше и дебатата за тоа дали македонските власти пред 15 години одбиле понуда земјата да влезе во ЕУ како ФИРОМ. Црвенковски сега реши да ги спречи обидите на власта да си обезбеди алиби и да префрли на „опозициска сметка“ дел од одговорноста за евентуално неповолен извештај за напредокот на земјава во интеграцискиот процес.

„За се' друго што е поврзано со извештајот на ЕК - за политизираното судство, партизираната администрација, притисоците врз медиумите и НВО, за корупцијата, криминалот и катастрофалната економска ситуација, одговорноста е лоцирана само на една адреса - Влада на Македонија и на одговорното лице Никола Груевски“, рече Црвенковски.

Тој вчера одговори и на прозивките од ВМРО-ДПМНЕ да каже дали и зошто пред една и пол деценија, како премиер, ја одбил понудата за членство на Македонија во ЕУ: „Секој што тврди дека во 1994, 1995 година или, пак, во која било наредна година кога СДСМ бил на власт, ни била дадена понуда за членство во НАТО и за преговори со ЕУ под привремената референца, а ние сме одбиле, е ноторен лажго или тотален идиот. Оние што ќе се препознаат во некоја од овие категории може слободно да ме тужат за клевета или за навреда“, рече Црвенковски.

Според СДСМ, дебатата за тоа што се случувало во 1995 година е пропаганден проект на власта, а не само гаф на претседателот Иванов, кому му припаднала улогата да ја иницира расправата преку која ВМРО-ДПМНЕ се обидува да покаже дека македонските евроатлантски перспективи не се загрозени во последниве четири години, туку дека шансите биле прокоцкани пред 15 години.

Министерот Милошоски, од друга страна, смета дека е жално што Македонија не ги искористила доволно годините полни со евроентузијазам, но дека пропуштените моменти треба да бидат поттик за новата генерација македонски политичари како требало или не требало да се постапува.

Социјалдемократите вчера и' подадоа рака на власта во очекување на европскиот извештај, но и јасно укажаа дека не се откажуваат од намерата да издејствуваат предвремени избори по самитот на НАТО во ноември, независно од неговиот исход за Македонија и без оглед на тоа дали ДУИ ќе ја напушти владината коалиција. Милошоски, пак, се повикува на изборните рокови и процедури, посочувајќи дека кога ќе има избори одлучува македонското Собрание и оти следните избори се предвидени за 2012 година, доколку парламентарците не одлучат поинаку. (А.М.М.)



#
Статијата е прочитана 1747 пати.

Испрати коментар

Од: gimi
Датум: 02.09.2010 00:15:27
Откако европарламентарците јавно соопштија каква надворешна политика води опозицијата(кодошење на сопствената влада и држава) Бране под притисок на странските дипломати реши да даде придонес за откочување на политичкиот дијалог.
Од: oceski-mavrovo
Датум: 02.09.2010 00:48:05
bravo za SDSM i Branko.vistinska odluka vo interes na drzavata.Sramna ,dekadentna i panicna izjava na Milosevski i dpmne,realno ocekuvav izjava so pozitivna konotacija so koja bi se zacvrstile edinstveni pozitivni stavovi. A za ona sto snavodno se slucuvalo vo 1995,96,..ako dpmne i negovite sateliti-eksperti ne go tuzat na Branko za iznesenite negovi ocenki za tie koi go plasirale toa otkritie, togas navistina bile idioti i luge so bolni naviki za lazenje.Odsega taka i redovno ce gi narekuvam se dodeka ne go dokazat sprotivnoto.
Од: ivo
Датум: 02.09.2010 02:08:01
Vakvata sostojba moze da se nadmine samo so promena na vlasta . Taka nekako izjavi Crvenkovski.Taka i Gruevski dojde na vlast! Izgleda i dvajcata imaat pravo koga se povikuvaat na "narodot i gragjanite" koi treba da ja prezemat sudbinata vo svoi race! Sto se odnesuva pak do funkcioniranjeto na instituciite, sto e nesto sosema razlicno od "sudbinata" , ocigledno deka i dvata tima se OFF ili pak predizvikale sistemski OFF pa instituciite nemozat da gi ostvaruvaat funkciite na kontrola , otkrivanje na kriminal, progon i sl.! Zatoa treba da se doobjasni sto znaci promena na vlasta kako osnova za funkcioniranje na sistemot? Dali gi povikuvaat nevrabotenite neglasaci na promena na vlasta ,ili samo svoite clenstva? Sto da pravime vo periodot dodeka instituciite ne funkcioniraat so 2.5 miljardi vo dzebovite na vlasta i partiite? Da svirkame i da se pravime mutavi?!
Од: bale
Датум: 02.09.2010 07:02:15
Од кај му истекна на Претседателот Хорхе Иванов и на ВМРО-вциве оваа глупост???? Па ние сега и во наредните 10 години нема да влеземе во ЕУ и НАТО а не пак 1995??? Тогаш се говореше за Полска, Чешка, Унгарија.....земјите во непосредна близина на Русија и тоа од стратешки причини??? Зарем Румунија и Бугарија беа за во ЕУ и НАТО???? Не поминува недела две и нашиот Хорхе да не стресе зелени, секако под диригентската палка на КУВАРИТЕ од Илинденска ББ.......................
Од: apologet
Датум: 02.09.2010 07:43:57
кој што сака да каже, ама вистински потег во вистинско време.е сега пушти ги децата по свое, ќе видат дека не ги бива.а груевски џабе дава пари на секакви креатури да го рекламираат.
Од: Dance
Датум: 02.09.2010 07:59:33
SDSM bila i ke bide golema politicka sila i po odnesuvanjeto i vo borbata za zacuvuvanje na drzavnosta i integritetot na Drzavata, a Crvenkovski e i ke bide najmarkantnata politicka figura vo postpluralistickiot razvoj na Makedonija. Bravo za vcerasnata izjava, dosta im bese, ne dozvoluvajte im poveke da udiraat po Vasata cest i moralen itegritet, a onoa megafonceto na Grujo neka ne mi se pojavuva so politicki izjavi tuku kako minister neka gi zasuka rakavite i neka poraboti malku , a ne da mi bara vinovnici tamo kade sto gi nema.
Од: jordan
Датум: 02.09.2010 08:21:32
Bravo za Brane!!!2020 na vlast a moza i togas!!!
Од: do gimi
Датум: 02.09.2010 08:24:14
kviz prasanje koj ja vodi nadvoresnata politika vo drzavava? te molam odgovori...
Од: ванчо
Датум: 02.09.2010 08:32:23
Мизерното однесување на опозицијата и на чело со Б.С. не може да остане незабележано кое во иднина и истиријата ќе го осуди бидејки СДСМ и Б.С. ја сакаат власта но не и сопствената држава кое Бранко и го докажа со седењето при свирењето на македонската химна.СКОРО СЕКОЈА ПОСТАПКА И Е АНТИ ДРЖАВНА.
Од: vvv
Датум: 02.09.2010 08:37:20
Abe gimi, ti od Mars li si? Ova sto go pisuvas se cisti gluposti. Aj da te prasam, i za kriminalnata privatizacija- celo vreme vikavte Branko e kriv, arno ama koga covekot izleze na TV i javno pobara preispituvanje na cela privatizacija gi svitkavte opaskite. Isto i sega ke bide, ajde tuzete go.
Од: pavle
Датум: 02.09.2010 09:02:09
му честитам на Бранко за елоквентноста и експлицитноста со која им кажа на ГРУЕВИСТИТЕ кои се и колку имаат памет.Требаше многу порано тоа да им го каже,па и да им го повтори неколку пати за да сфатат кои се и колку се паметни
Од: ФЕЛИКС
Датум: 02.09.2010 09:17:52
По се изгледа проработи прочуеното менгеме на странскиот фактор,некому нешто му се случи на меѓуножните атрибути.Следствено на ова имаме кротка агенда на кооперативност.Да небеше менгемето а познавајќи ја виножитната нааканост уште долго ќе бевме сведоци на нивното никакво однесување.И на крај да го парафразирам маврочанецот БРАВО ЗА МЕНГЕМЕТО
Од: od citatel
Датум: 02.09.2010 09:43:05
Gruevski ja kritikuva opozicijata bidejki go bojkotira parlamentot. Koga opozicijata resava da vleze vo parlamentot i da gi podrzi bez diskusii predlozite na vladeackata VMRO, zaradi dobroto na Makedonija pa se najde vcerasniot politicar Milosevski da ja kritikuva povtorno opozicijata. Ma ima li nekoj normalen vo ovaa vlada luge? ili se se sveduva na gubenje vreme za vlez vo sredeneto semejstvo koe se vika EU. Normalno e deka EU ne mu odgovara na sekasnite kvazi politicari koj sto ni nosat sekakvi plateni debili od evroparlamentot za da dava komentari vo nivna korist. A za toa debelo gi plakaat. Mekedonijo ne te biva uste dolgo so ovie pilistarci.
Од: Ivan
Датум: 02.09.2010 10:20:31
Zalno e gospodine Milosevski sto vasata vlada go unisti evroptimizmot vo Makedonija. Za toa ne vi se vinovni nitu Branko Crvenkovski nitu tranzicijata za koja zborite 90% od vremeto
Од: професорка
Датум: 02.09.2010 11:06:36
Го видовте парламентарецот од Германија? Ха, ха... Само такви подржувачи може да донесе ДПМНЕ. После едно свиткано јагне за доручек ќе пее на сите страни како ќе му свирнат. Браво за Бранко!!! Импонира со интелигенција. Овие другиве за два збора да скрстат ( и тоа 4 години истите зборови) се потат пред камери.
Од: До Павле
Датум: 02.09.2010 11:37:49
Да Павле, Црвенковски е многу елоквентен и експлицитен. Ете вчера го нарече идиот европратеникот од редовите на ЦДУ, партијата на Меркел. Јавно прашувам: зошто Утрински Весник не напиша ништо за таа глупава изјава на лидерот на македонската опозиција?
Од: Naumov
Датум: 02.09.2010 12:55:42
A be Trenevski vo NATO ke ne nosi, cobekot ne go biva za ic nisto.
Од: pravda
Датум: 02.09.2010 15:59:42
Do Feliks: vinozitnite imat sto da stavat vo mengeme a tvoite imaat li-si se prasal nekogas!?!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Насловна
До парче леб преку работа на црно во странство
Фамилијарниот бизнис во Центар
Бакнежи за восочната двојничка
Џагор ги исполни училиштата
Средба со Нимиц ќе има, не се знае за предлог
За децата се работи
Бениќ испушти реми против Германија
Барокна зграда за Трајановски под Кале?
Дали можеме да го регулираме системскиот ризик?
Заложничката драма ги откри дефектите на системот
Прељубиште пример за модерно европско образование
Карикатура
Магазин