Комерцијална доби виза за зголемување на капиталот
Акционерите на Комерцијална банка вчера ја потврдија одлуката на раководството на банката за зголемување на почетниот капитал за 13 милиони евра. Со емисија на обични акции по пат на приватна понуда се
издаваат 228.470 обични акции, со номинална вредност по акција од 1.000 денари, а вкупната продажна вредност на емисијата изнесува 799.645.000 денари, или 13 милиони евра. Купувачи на акциите се шведската инвестициска к��мпанија „Ист капитал експлорер инвестмент“ и словенечкиот инвеститор „Публикум холдинг“. Шведскиот фонд ќе вложи околу 12 милиона евра, а словенечкиот инвеститор ќе инвестира близу еден милион евра. Со новата емисија се очекува да се постигне подобрување во исполнувањето на супервизорските стандарди, дополнителен раст на банката и одржување на пазарното учество. Шведскиот фонд и досега беше акционер во Комерцијална преку својот „Балкан-фонд“. (Ек.Р.) |