Број 3429  четврток, 11 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Банките вријат од пари, соборуваат рекорди со записите

Комерцијалните банки вчера инвестираа сума од близу 180 милиони евра на име благајнички записи, по камата од 4,5 отсто

Соња Маџовска


Комерцијалните банки вчера инвестираа сума од близу 180 милиони евра на име благајнички записи, по камата од 4,5 отсто, што претставува своевиден рекорд на аукциите на Народна банка на Македонија. Ова покажува дека банките вријат од пари, а доверба имаат само во централната банка. Истовремено, вчера банките повлекоа 116 милиони евра од централната банка, вклучувајќи ја и каматата, кои претходно ги имаа инвестирано во овие краткорочни хартии од вредност. По вчерашната аукција на благајнички записи, вкупната сума што ја чуваат банките во НБМ се зголемила за 61 милион евра и моментно изнесува 493 милиони евра.

Во последните неколку месеци банките неделно во просек инвестираа по стотина милиони евра во благајнички записи. Но, на вчерашната аукција тие ги надминаа сите досегашни рекорди. Откако централната банка во почетокот на 2002 година го воведе овој монетарен инструмент, банките досега не инвестирале повеќе пари отсега. Ова практично значи дека нивната ликвидност кулминира и дека никогаш немале толку неискористени пари во своите трезори. Банките се правдаат дека не одобруваат кредити, бидејќи се' уште владее криза во домашната економија поради зголемувањето на бројот на нефункционалните кредити, за кои тие мора да издвојуваат висока резерва во НБМ. Во исто време расте и штедењето, поради што на банките им се натрупуваат вишоци слободни пари, а нив не смеат неограничено да ги чуваат како неискористени. Банките годинава на големо инвестираат во записи, без разлика што тие ја достигнаа најниска вредност откако се воведени и за нив каматата по неколкукратното намалување е сведена на 4,5 отсто.

Неодамна и стопанствениците се пожалија дека поради можноста банките да инвестираат во НБМ неограничена сума, за нив нема кредити. Тие побараа централната банка да го промени моделот на аукции на благајнички записи, на што гувернерот Петар Гошев им порача дека некој убаво треба да им објасни што значат овие аукции. „Многу се радувам зашто некои од бизнисмените се обидуваат да навлезат во проблематиката во видовите на аукциите и тоа го сметам за напредок, и нека продолжат да ги анализираат, можеби еден ден поцелосно ќе ги разберат кога и како да се применат“, истакна Гошев минатата недела.


#
Статијата е прочитана 972 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 11.11.2010 13:12:24
Pa normalno deka ke dadat na NBRM ili na drzavata. Na koe stopanstvo moze da mu dades tolkavi pari? Golemite biznisi se vo racete na sinovite i kerkite na bivsite komunisti koj si gi prisvoija fabrikite, i rabote po princip, "narod placa"oni samo ke direktoruvaat. denes bankite se stranski i pari za takvi direktori i menandzeri ne davaat. Onie ostanatite pa se opstruirani od ovie prvite koj i pokraj se sakaat da imaat monopol vo stopanstvoto. No krajot im se blizi, pa ke ima i na ova pole dosta promeni, no ke se poceka uste nekoja godina.Pravite stopastvenici ke isplivaat na povrsina, togas i bankite ke molat da im dadat kapital.Sega ne se ludi da davaat pari na dokazani propaliteti koj si igraat biznismeni.

Најди! во Утрински
Економија
Со полиција или без неа, дивите превозници ќе останат без возила
Комерцијална доби виза за зголемување на капиталот
Душко Груевски наскоро прв човек на „Ер-лифт“
„ЛГ оптимус 7“ отсега и кај нас
Тутунарите бараат повисоки откупни цени
Португалците се посакувани инвеститори, но ги нема
И други земји немаат добри тендери во енергетиката
ВИП расте во секој поглед
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011