Број 3429  четврток, 11 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

И други земји немаат добри тендери во енергетиката

Во најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, меѓу другото, стои дека Министерството за економија нема доволен капацитет за успешно организирање тендери за големи проекти во енергетиката. Според министерот Фатмир Бесими, ова не е случај само со Македонија.

„Ниту една земја во регионот нема администрација што може да спроведе такви тендери. Работата околу меѓународните тендери бара одредени специфики и експертиза и поради тоа ние се одлучивме да ја вклучиме Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ во реализацијата на енергетските проекти“, истакна вчера Бесими по потпишувањето на меморандумот за олеснување на процедурата за визи при групни патувања на кинески туристи во Македонија.

Во врска со неофицијалните информации дека менаџментот на загубарот ОХИС и неговите вработени сакаат сами да ја земат фабриката и да ја доведат во позитива, Бесими одговори дека на загубарите им е неопходен инвеститор со пари и со знаење.

„На загубарите им се потребни инвестиции и пари, а на вработените работни места. Треба да се разграничи што значи инвеститор, што менаџмент, а што вработен. Доколку вработените имаат доволно пари, нема проблем да го добијат ОХИС“, нагласи Бесими.

Тој како позитивен го оцени објавениот дел од извештајот што се однесува на надлежностите на Министерството за економија.

„Се бележи прогрес во областа на енергетиката со донесувањето на трите стратегии, за развој на енергетиката, за обновливи извори на енергија и за енергетска ефикасност. Се поздравува и тоа што измените во Законот за енергетика се подготвени и се во собраниска процедура. Напредок е забележан и во останатите области од работењето на Министерството“, изјави тој. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 442 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Со полиција или без неа, дивите превозници ќе останат без возила
Банките вријат од пари, соборуваат рекорди со записите
Комерцијална доби виза за зголемување на капиталот
Душко Груевски наскоро прв човек на „Ер-лифт“
„ЛГ оптимус 7“ отсега и кај нас
Тутунарите бараат повисоки откупни цени
Португалците се посакувани инвеститори, но ги нема
ВИП расте во секој поглед
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011