Број 3429  четврток, 11 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

ВИП расте во секој поглед

ВИП, третиот мобилен оператор во Македонија, кој во земјава е присутен преку групацијата „Телеком Австрија“, објави позитивни резултати од работењето во првите девет месеци од 2010 и третото тримесечје од 2010 година, заклучно со 30 септември 2010 година. Во тој период, ВИП значително ја зголемил својата корисничка база во третото тримесечје од 2010 година и достигнал повеќе од 388.000 корисници. Силниот раст е резултат на постпејд сегментот, кој пораснал до 31,6 отсто во третото тримесечје од 2010 година, споредено со 27,4 отсто во истиот период минатата година. „Ова придонесе пазарниот удел на оператор ВИП до крајот на септември 2010 година да порасне за речиси 50 отсто, споредено со пазарниот удел во истиот период минатата година“, информираат од компанијата. Приходите на ВИП пораснале за две третини, до 10,2 милиони ЕУР во третото тримесечје од 2010 година, споредено со истиот период лани, како резултат на порастот на корисничката база.

„Овој успех е дотолку позначаен ако се земе предвид фактот што операторот ВИП прв пат успеа да постигне позитивна ЕБИТДА во третото тримесечје од 2010 година, која придонесе и кон вкупната ЕБИТДА на групацијата ’Телеком Австрија‘“, изјави Никола Љушев, главен извршен директор на ВИП. Оперативната загуба на операторот ВИП се намали за 53, 9 отсто до 2,2 милиони евра во третото тримесечје од 2010 година, споредено со оперативна загуба од 4,7 милиони евра во истиот период лани. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 1138 пати.

Испрати коментар

Од: Vlado
Датум: 11.11.2010 12:48:44
„Оперативната загуба на операторот ВИП се намали за 53, 9 отсто до 2,2 милиони евра во третото тримесечје од 2010 година, споредено со оперативна загуба од 4,7 милиони евра во истиот период лани.“ Значи лани работеле се 4,7 милиони загуба, сега со 2,2 милиони загуба и тоа е за нив феноменално работење, растураат на пазарот :-) Работење со дампинг цени не може да трае до бескрај. Се кладам дека после 1-ви Јануари 2011 нивните корисници ќе бидат непријатно изненадени со новите цени.
Од: Зоки
Датум: 12.11.2010 09:29:07
Почитуви, Да не беше ВИП уште ке владееше монополот на двта предходни оператора кои го одраа македонскиот народ, голема благодарност и желба да ВИП опстане на македонскиот пазар зошто црно ни се пише ако останат два оператора.

Најди! во Утрински
Економија
Со полиција или без неа, дивите превозници ќе останат без возила
Банките вријат од пари, соборуваат рекорди со записите
Комерцијална доби виза за зголемување на капиталот
Душко Груевски наскоро прв човек на „Ер-лифт“
„ЛГ оптимус 7“ отсега и кај нас
Тутунарите бараат повисоки откупни цени
Португалците се посакувани инвеститори, но ги нема
И други земји немаат добри тендери во енергетиката
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011