„ЛГ оптимус 7“ отсега и кај нас
Корејската компанијата „ЛГ електроникс“, во соработка со мобилниот оператор ВИП и „Мајкрософт“, го промовираше уредот „виндоуз фон 7“, „ЛГ оптимус 7“, десетина дена по неговата светска промоција.
Уредот веќе е достапен во центрите на ВИП по цена од 0 денари за корисниците што ќе склучат договор на 24 месеци во постпејд-тарифата „ВИП суперсмарт“ и услугата „ВИП сурф 1ГБ“, во која е вклучен Интернет-сообраќај од 1 гигабајт. (Ек.Р.) |