Број 2865  четврток, 18 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

„Т - мобиле“ доби лиценца за 3-Г

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), вчера на мобилниот оператор "Т - мобиле Македонија", му додели одобрение за користење радиофреквенции за обезбедување јавни комуникациски мрежи и услуги. Според тендерските правила, „Т - мобиле Македонија" треба да започне со комерцијално нудење на услугите од технологијата 3-Г во рок од шест месеци.

Главниот извршен директор на компанијата, Мајкл Лоренс, по добивањето на лиценцата рече дека компанијата ќе настојува услугите да ги понуди и пред рокот, по конкурентни цени.

За одобрението што го доби компанијата преку јавен тендер, плати еднократен надомест од 10.000.100 евра. Стапката на застапеност на мобилната телефонија во земјава изнесува 107 отсто што, според Лоренс, значи дека Македонија се приближува до процентот во европските земји. (МИА)


Статијата е прочитана 69 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Следува клуч на врата за „Лотарија на Македонија“
„Саса“ пред затворање?
Федералните резерви ги намалија каматите до виртуелна нула
И „Макпетрол“ ќе користи горива од стоковни резерви
Ќе се избира супербренд
„Горни Полог“ се откажа од извозот на јагниња
Ќе се подобри напонот во источна Македонија
Над 80 отсто од фирмите на Интернет
ОПЕК го намалува дневното производство
Во следните два месеца „Бучим“ во мирување