Ќе се подобри напонот во источна Македонија
ШТИП - МЕПСО ја промовираше новата 400-киловолтна трафостаница во Штип како капитална инвестиција која е од исклучително значење за високонапонската електроенергетска мрежа на Македонија и во регионот на ЈИЕ. Инвестицијата е вредна 11 милиони евра, а парите ги обезбедија МЕПСО и кредитната линија на ЕБРД. Изградбата на трансформаторската станица во индустрискиот дел на Штип, почната во март годинава, планирано е да заврши до средината на летото 2009. Со овој проект се очекува да се подобри напонот во источна Македонија, да се намалат загубите на струја во преносната мрежа и да се обезбеди голем капацитет за редовно снабдување на македонскиот електроенергетски систем. (И.Б.) |