Ќе се избира супербренд
Стручен совет од 57 членови, меѓу кои претставници на компании и медиуми, маркетиншки и академски експерти, ќе ги избира најдобрите брендови во Македонија. Статусот супербренд ќе го добијат оние стоковни марки кои стручниот совет ќе ги избере преку едноставен начин на гласање. Врз основа на агенциски истражувања, во изборот се влезени 800 домашни и странски брендови. Изборот го изведува организацијата „Супербрендс“ присутна во 82 земји во светот. Според Борут Землич, генерален менаџер на „Супербрендс“, од Македонија како бренд се познати „кафетинот“ и „бекутанот“ на „Алкалоид“. (А.П.) |