Број 2865  четврток, 18 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Во следните два месеца „Бучим“ во мирување

Во рударската дејност веќе се чувствуваат последиците од економската криза, се отпуштаат работници или, пак, се редуцираат трошоците во работењето. Постојаниот пад на цената на бакарот на берзите ќе остави без работа 480 работници од рудникот „Бучим“.

Се' до февруари идната година производството во компанијата ќе биде ставено во мирување, а ќе бидат ангажирани само минимален број работници, информира вчера Николајчо Николов, од менаџерскиот тим на „Бучим“. Тој рече дека во првите три квартали остварилe рекордно производство и позитивни резултати, но последниот, четврти, бил погубен поради драстичниот пад на цената на бакарот од 8.000 на 3.000 долари за тон.

„Бараме помош од Владата, пониска цена на електричната енергија и на екстра-лесното гориво. На тој начин би се намалила цената на произведен тон бакар за 500 долари, што би бил аргумент за нашите сопственици, кои во тој случај не би го затвориле рудникот целосно“, рече Николов, на вчерашната седница на Асоцијацијата за рударство во Стопанската комора.

Тие, и покрај алармантната состојба во секторот, како да немаа многу што да кажат, а некои прокоментираа дека досега е веќе се' кажано во врска со позицијата во која западнаа поради економската криза.

Mенаџерот од рудникот за олово и цинк, „Саса“, Максим Прохоров, вели дека засега ќе нема отпуштања. Но, ако продолжи намалувањето на цената на оловото и на цинкот, тоа сигурно ќе се одрази врз натамошното работење.

Отпуштање работници засега нема да има и во рудниците за олово и цинк „Тораница“ и „Злетово“. Според претставниците на „Индоминерали метал“, во чија сопственост се овие рудници, максимално се редуцирани трошоците во работењето и се успева некако да се продолжи со работа. (М.Т.)


Статијата е прочитана 36 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Следува клуч на врата за „Лотарија на Македонија“
„Саса“ пред затворање?
Федералните резерви ги намалија каматите до виртуелна нула
И „Макпетрол“ ќе користи горива од стоковни резерви
Ќе се избира супербренд
„Горни Полог“ се откажа од извозот на јагниња
Ќе се подобри напонот во источна Македонија
Над 80 отсто од фирмите на Интернет
ОПЕК го намалува дневното производство
„Т - мобиле“ доби лиценца за 3-Г