Хрватскиот Собор го усвои буџетот за 2009
Загреб - Хрватскиот Собор вчера го усвои буџетот за 2009 година, со кој се планирани вкупни трошоци во износ од околу 127 милијарди куни (едно евро се менува за 7,2 куни), а вкупни приходи во износ од 124,6 милијарди куни. По петчасовната расправа за буџетот гласаа 80 пратеници од 153-члениот Собор. Против буџетот се изјаснија 52 пратеници. Со владините амандмани, кои беа поддржани во Соборот, буџетскиот дефицит е намален за 2,3 милијарди куни, така што тој сега ќе изнесува 0,88 проценти од домашниот бруто-производ. (Макфакс) |