Составот на МБИ 10 останува ист
Компаниите од водечкиот индекс на Македонска берза МБИ 10 остануваат непроменети и во наредните шест месеци. Вака одлучи Комисијата за берзански индекс по извршената редовна ревизија на индексите МБИ 10 и на МБИД. Инаку, индексот МБИ 10 го сочинуваат обичните акции издадени од: Комерцијална банка, "Гранит", "Алкалоид", "Макстил", Стопанска банка - Битола, "Макпетрол", "Топлификација", "Бетон", Охридска банка и ЗК "Пелагонија" - Битола. На вчерашното тргување овој индекс повторно падна за 1,31 отсто, со што заврши на 2.314,05 индексни поени. Прометот и натаму останува низок. Вчера беа истргувани акции во вредност од 18,2 милиони денари. (С.М.) |