Обама избра нобеловец по физика
Вашингтон - Новоизбраниот претседател на САД го избра нобеловиот лауреат по физика, Стивен Чу, за министер за енергетика во идниот кабинет. Шеесетгодишниот Стивен Чу е син на кинески имигранти. Тој дипломирал на калифорнискиот универзитет „Станфорд“. Тој ја доби Нобеловата награда за физика во 1997 година. Стивен Чу ја раководи Националната лабораторија „Лоренс Баркли“ во Калифорнија. (МИА) |