Се предлага одложување на бруто-платите
Воведувањето на системот за бруто-плати е добра концепција, но нејзината имплементација треба да се одложи. Ова беше констатирано на вчерашната расправа во организација на фондацијата „Фридрих Еберт“.
Според Ванчо Узунов, професор на Правниот факултет во Скопје, добро е што се воведува овој концепт, затоа што со тоа, како што вели, се исправа една работа од претходниот систем. Но, се воведува без да се направат добри анализи и симулации и без да се претпостават последиците од воведувањето на новиот систем.
Претставникот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Милан Миновски, предложи одложување на иницијативата за шест месеци. Според него, концептот е направен за уредување на она што ја интересира Владата. (МИА) |