Производителите на делови пред банкрот
Франкфурт - Секој десетти производител на автомобилски делови во Европа во претстојните месеци може да се соочи со банкрот доколку владите не им обезбедат кредитни гаранции со вкупна сума од 25 милијарди евра, изјави шефот на Европското здружение на доставувачи (ЦЛЕПА), Ларс Холмквист.
Тој наведе дека постои опасност од банкрот на околу 500 фирми во тој сектор. Во Европа има околу 5.000 производители на автомобилски делови. (МИА) |