Ирската влада ќе им помага на шест банки
Даблин - Шесте најголеми ирски банки се наоѓаат во центарот на кредитната криза, а ирската влада најави помош за нив од 10 милијарди евра. Ирскиот план е наменет за докапитализација на банките, а ќе се оствари преку докупување на уделот и други мерки. Владата одлучи за докапитализација на кредитните институции во Ирска во износ од 10 милијарди евра. (Макфакс) |