Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Вистинска расправа во Собранието

Најдоверливите остануваат клучни играчи на премиерот Груевски

Билјана Јовановска

Петочната седница на Собранието на која се расправаше за министерските оставки и за разрешувањето на Трајко Славески, бездруго ќе остане забележана како една од најинтересните во овој мандат. Се слушнаа квалитетни дискусии, главно, од опозицијата, на која ова и' беше едно од најсветлите изданија, додека дефанзивноста на ВМРО-ДПМНЕ беше разбирлива.

На пратеничката група воопшто не и' беше лесно - се најдоа во небрано - како да го критикува својот министер Славески, кој згора на се' е и трет човек во партијата, а за кој колку до вчера полна уста пофалби имаше и премиерот Никола Груевски. Затоа, дискутираа два-тројца пратеници, колку да не е без ништо, додека другите се фокусираа на реплицирање, иако и тоа не го правеа многу успешно. Неспорно е дека дури и со неубедливите реплики придонесоа во создавањето на атмосфера каква што одамна немало во парламентот.

Нервозата беше забележлива и кај власта и кај пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Во собраниските холови и самите вмровци загрижено си коментираа дека „оваа смена може партијата скапо да ја чини“. Зашто по разрешувањето на Трајко Славески, работите стануваат појасни и дефинитивно паѓаат маските, вклучувајќи и на ексминистерот, кои тврдеа дека светската економска криза ќе не' заобиколи, дека нема да ја почувствуваме... Конечно, се потврди она што неофицијално се говори - дека државата е пред банкрот, без оглед на шарените приказни и бескрајните самофалби, со кои ја удавија јавноста.

Додека премиерот, објаснувајќи ги причините за разрешувањето на Славески, меѓу другото, соопшти „дека предлогот за промена на министерот за финансии не е заради неспособност, а уште помалку поради некакви предлози, кои ги давал, а јас сум ги одбивал околу ребалансот и слично...“, од министерот во заминување го слушнавме спротивното. Освен тоа што пластично го објасни начинот на функционирање на Владата на Груевски - „само мртви риби пловат единствено по течението на реката, јас се трудев да бидам глас а не ехо, и живо суштество, а не предмет кој го движат“, не' соочи со реалноста. Славески ги предупреди пратениците дека „по втор пат предлагал ребаланс на буџетот и оти државната каса мора да се скрати за сто милиони евра“. Значи, сепак, нешто било предлагано, а на шефот не му се допаднало.

Ќе има ли Груевски сега повеќе слух за ова прашање? Од она што се слушна во парламентот и од министрите - тешко. Не случајно со финансиите ќе раководи човекот од „ударната четворка на премиерот“, а оние другите, горе-долу анонимни, нема да брануваат. Со изборот на Зоран Ставрески, кумот на Груевски, премиерот потврди дека навистина се' е под контрола на „фамилијата“, чии членови се и браќата Мијалкови. Едниот е сива еминенција во полицијата, за многумина тој е министер во сенка, а вториот ги држи конците во Царината. Така, Ставрески, кој би требало да ја спасува државата од банкрот, прашан во интервјуто на А1 телевизија дали ќе го послуша апелот на Славески за ребаланс на буџетот, изјави: „Од понеделник подетаљно ќе ги разгледам стручните служби и сите состојби во буџетот и ќе ја информирам Владата“. Значи ли ова дека Владата не знае за алармантните состојби.

Она што се' почесто се говори - дека до 25 јули ќе се случи уште една чистка во Владата, Груевски го демантираше, но така било и со многу други работи кои подоцна се покажале како точни. Јасно е дека и одделни министри на ДУИ на Али Ахмети многу лесно можеа да се најдат на листата на отпишаните, но барем во овој бран смени премиерот не се осмели да ги чепне. Не затоа што е задоволен од нив, велат, туку заради фактот дека во тој случај ќе биде исправен пред многу поголеми барања за поатрактивни ресори. Неофицијално, во ДУИ се говори дека во случај на смена на нивните министри, своето останување во кабинетот на Груевски, ДУИ и Ахмети ќе го условат со добивање на министерствата за надворешни работи и за правда.

На петочната собраниска седница најнезабележливи беа идните министри. Паднаа во сенка на жешките дискусии, а и што би се зборувало за луѓе, кои и не и се којзнае колку познати на јавноста. Меѓутоа, еден од оние министри со кои Груевски ќе го „зајакне“ владиниот брод, самиот се погрижи да отскокне од другите. Никола Тодоров, кој ќе раководи со исклучително чувствителниот ресор - образование и наука, се самопромовираше како полуписмен човек. Министерот кој треба да се грижи за описменувањето на најмалите и за образованието на нацијата, во својата биографија на нецели две страници, направил повеќе од 100 грешки и спротивно на Уставот, кој пропишува дека во Македонија официјално е кирилското писмо, половината му беше напишана на латиница! (Б.Ј.)







 


#
Статијата е прочитана 2017 пати.

Испрати коментар

Од: gr
Датум: 12.07.2009 23:23:46
sega e docna za se ,,makedonija ojde da dojde ,,ja izlapaa te enite te drugite majka i plakaa,i pozicija i opozicja ,samo ne se krivi tie krivi se lugeto koi veruvaa te vo eni te vo drugi i so dozvoluvaa da gi mamat i zgora na se uste veruvaat deka ke stori nekoj nesto eeeeee.toa e ,smizli,redat luge gladni ,spoenici crkvi ,zatoa strite velea -selo gori baba se cesla
Од: Драги
Датум: 13.07.2009 00:27:30
Јадно и жално изгледаше Т.Славески.Универзитетски професор, а толку исфрустриран и немоќен пред далеку помлад Премиер чии совети и уп��тства морал да ги имплементира,иако верувам со полно не се слагал.Може и кажува вистина,но тешко некој да му поверува.Понижен,искористен и попушен.
Од: nepismeni
Датум: 13.07.2009 02:17:13
Nepismenosta vo Vladata na Gruevski e na prvo mesto pa nisto ne e cudno sto i noviot Minister za (ne)obrazovanie e NEPISMEN. Nisto podobro i ne ocekuvavme. Ovekuvame sto pobrgu da si odat za da mozeme da mu pokazeme na svetot deka nie Makedoncite sme sepak pismen narod a ne NEPISMEN kako sto ni e Vladata.
Од: Власт
Датум: 13.07.2009 07:34:32
Браво за опозицијата! Многу се добри во критикувањето. Затоа за Македонија ќе биде најдобро тие да си останат опозиција уште неколку мандати.
Од: Nikola
Датум: 13.07.2009 07:43:32
Zosto ne go objavite CV na Todorov? Da gi vidime greskite i da ucime kako se pisuva za da se stane Minister za obrazovanie.
Од: mone
Датум: 13.07.2009 08:39:58
se tece, se se menuva, samo manevski ostanuva. na sednicata ic muva ne go lazese covekot. sudstvoto gree.
Од: Трпе
Датум: 13.07.2009 09:59:26
Многу пати до сега имам коментирано дека партијата на мистер Рејтинг нема интелектуален капацитет за избор на министри и други функционери.Тој со промена на некои министри премина од трн на глок.Но можда и тоа му одговара.Но со тоа не и мисли добро на земјава.А некои од способните стручњаци кои партиски не се определени не се нафаќат на орото на пастирот.Неможе да дозволат да бидат понижени како Славевски,кој им беше единствениот универзитетски професор(партиски определен)кој многу убаво го лизнаа.Е тешко некој да се нафати деца да им го рушат тешко стекнатиот афторитет.
Од: Donald Duck
Датум: 13.07.2009 10:13:23
I hitler od 1944 pocnal intenzivno da gi menuva profesionalcite so diletanti od nacional-socijalistickata partija. Rezultatite, predvidlivo, bile katastofalni. Vreme e vekje narodot da svati deka Grujo ne go interesira nisto drugo sem lichniot politichki opstanok (te rejtingot). Zatoa na site klucni mesta vekje nema (na povekjeto nikogas ni nemalo) profesionalci, tuku chlenovi na potesnata familija....
Од: gogo
Датум: 13.07.2009 11:16:49
ova e so slaveski e samo eden primer kako zavrsuvaat tie sto sakaat da mislat so svoja glava a ne so glavata na gruevski,aferim bre premiere
Од: pravda
Датум: 13.07.2009 12:49:46
Se soglasuvam so covekot pod ime VLAST,opozicijata i treba da si bide opozicija i da kritikuva,a vlasta treba da bide vlast i da si go odraboti mandatot,dali toa nekomu mu se dopadja ili ne vece ne e vazno.Po konfliktot taa ista opozicija se nafati povtorno da ja digne Makedonija od pepel,drzavnata kasa bese opljackana do kraj,se nametna medjuetnicki konflikt da se prikrie kriminalot,se prodadoa vitalni objekti na grcite a togasnata opozicija gi zasuka rakavite so cel da vleze vo EU i NATO za podobra idnina na site gradjani ama vidi, zemjodelcite ja prodadoa Makedonija za 1000 evra subvencii,stecajcite gi krenaa satorite zaradi 150 penzii,rabotnicite mislejki deka bez stranski investicii ke zemaat 500 evra plata,narodot stavi rozovi ocila i askolsun go imame toa sto e i zatoa opozicijata i treba samo da kritikuva a vlasta da ja vodi drzavata vo provalija a vernite partijci da cekaat dogovorot za rabota da se imlementira vo resenie za rabota,samo ne znam dali ke uspejat oti toneme li to
Од: janev
Датум: 13.07.2009 14:28:23
Ona na sto nalikuva tekstot e rekla kazala. Gi videle pratenicite kako zboruvaat, demek i ministri od DUI na 25 juli ke bidat rekonstruirani. Pravo na sekoj Premier e da go formira kabinetot.

Најди! во Утрински
На прво место
Големи искушенија за новиот министер за образование
Иванов со Топи и Сејдиу во Охрид
Македонија на Самит на неврзаните