Иванов со Топи и Сејдиу во Охрид
ОХРИД - Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, вчера во Охрид имаше неформална средба со претседателите на Албанија, Бамир Топи, и на Косово, Фатмир Сејдиу. Официјално не беше соопштено што разговарале на ручекот во познатиот ресторан „Далга“, ниту на билатералните средби меѓу претседателите Топи и Сејдиу што се одржале пред отворањето на Фестивалот „Охридско лето“. Од кабинетот на претседателот Иванов дознавме дека Топи и Сејдиу се во неформална посета зашто биле поканети на Фестивалот „Охридско лето“.
Претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на Косово, Фатмир Сејдиу, во саботата навечер имале заедничка вечера што може да се протолкува како прв чекор за затоплување на меѓудржавните односи. Косовскиот претседател Сејдиу не дојде на инаугурацијата на Иванов ниту, пак, на втората покана за посета на Македонија кога не беше задоволен од нивото на пречекот. (С.И.) |