Изложба на Дијана Томиќ-Радевска
Изложба на ликовната уметница Дијана Томиќ-Радевска под наслов „Рециклирање“ ќе биде отвор��на вечерва во Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје во 20,30 часот. Досегашната ликовна практика на авторката, која претставуваше предлошка за реинтерпретативно дејствување врз личната меморија и сеќавање, и кое како посредство ја користеше фотографијата, во најновиот циклус дела. „Рециклирање”, според Јованка Попова добива првостепено значење преку негово материјализирање во предмет (стари употребени картички, ЦД-а и парчиња отпадна или рециклирана хартија) со новостекната визуелна, естетска и семантичка содржина. (К.Б.) |