Број 3447  четврток, 02 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Култура

Фестивал за независен филм во Скопје

Фестивалот „4 синхронизирани градови“ досега се одржа во Сараево, Приштина и во Амстердам

„4 синхронизирани градови“ е насловот на Фестивалот за независен филм и визуелни уметности, кој во Скопје ќе се одржи од 15 до 18 декември во просториите на Културниот центар ЦК, а е во организација на Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“. Овој фестивал веќе се реализираше во три града, во Приштина, Амстердам и во Сараево, а Скопје е неговата последна дестинација. Всушност, како што кажува и самото име на фестивалот, неговиот концепт е да се реализира во 4 града, значи да има 4 фестивали, програмата да трае 4 дена, а во него се вклучени 4 партнерски организации и копрограматори од градовите во кои годинава се одржува.

Фестивалот во Скопје ќе понуди филмска програма со документарен, краток, анимиран, експериментален и игран филм, потоа изложба на современи уметнички креации под наслов „Креативни градови, уметнички гратчиња и фантастични села“, ќе бидат одржани и презентации на две авторки од Белград и Холандија, а ќе се одржи и отворена дискусија на тема „Функционирањето на независните културни сцени во Скопје, Приштина, Сараево и Амстердам“. Програмата ќе биде збогатена со музички настапи.

На фестивалот во Скопје ќе присуствуваат уметници, режисери, музичари и претставници на партнерските организации од сите четири градови, додека на веќе одржаните фестивалски изданија во споменатите градови, присуствуваа голем број на уметници од Македонија.

„4 синхронизирани градови“ е резултат на потребата за создавање на услови за континуирана размена на информации и знаења за новите уметнички и културни креации на Балканот и Западна Европа во доменот на независниот филм и визуелни уметности, а негов креатор е млада генерација на уметници и културни работници. (Т.И.)


#
Статијата е прочитана 198 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Дејан Пројкоски стана уметнички директор на МНТ
Уживам кога сум дел од музиката
„Книжевно жезло“ за Светлана Христова-Јоциќ и за Иво Одехнал
Шакалите чекаат, завиваат и се смеат
Лондонскиот симфониски оркестар доаѓа во Скопје
Студентски цртежи и слики во Сули-ан
Изложба на Дијана Томиќ-Радевска
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society