Дејан Пројкоски стана уметнички директор на МНТ
Режи��ерот Дејан Пројкоски е новиот уметнички директор на Македонскиот народен театар. Директор на МНТ е актерот Дејан Лилиќ, кој на оваа позиција дојде пред неколку недели.
Дејан Пројкоски е еден од најплодните режисери од помладата генерација. Во последните десет години реализирал голем број на театарски претстави, меѓу кои „Браќа Карамазови“, „Бегалка“, „Далај мама“, „Јонадаб“, последната „Хамлет“... Пројкоски неколку години е уметнички директор на фестивалот „Млад отворен театар“, и е идејниот творец на Градскиот театар, кој работи при Младинскиот културен центар. |