Број 3447  четврток, 02 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Култура

„Книжевно жезло“ за Светлана Христова-Јоциќ и за Иво Одехнал

Наградата „Книжевно жезло“, што ја доделува традиционално Друштвото на писателите на Македонија за поетски опус со високи естетски остварувања, годинава писателската асоцијација им ја додели на македонската поетеса Светлана Христова-Јоциќ и чешкиот поет Иво Одехнал.

Како што соопштуваат од ДПМ, одлуката едногласно ја донел Организацискиот одбор на меѓународната манифестација „Празник на липите”. Признанијата на добитниците ќе им бидат врачени на централниот настан на манифестација во јуни идната година.

ДПМ ќе објави посебна публикација со избор од поезијата на лауреатите на македонски, чешки и на англиски јазик.

Светлана Христова-Јоциќ е авторка на низа стихозбирки што оставија свој печат во развојните текови на македонската поезија во изминатите четири децении. Меѓу нејзините најзначајни поетски книги се вбројуваат: „Калесница”, „Скришен човек”, „Еа“, „Самечка ќелија“ и „Големата молитва“. Таа е покренувач на манифестациите „Празник на липите“, Македонските духовни конаци и на книжевните ревии „Стожер“ и „Портал“.

Чешкиот поет Иво Одехнал е роден 1936 година во Валашске Клобоуки. Бил професор по филозофија и директор на книгоиздателството „Блок” во Брно. Една деценија работел како главен уредник на филијалната редакција на „Фортуна принт“. Бил учесник на Струшките вечери на поезијата. Во неговиот богат творечки опус посебно место зазема поемата „Песна за великоморавската обетка“, објавена во 1980 година. Автор е и на стихозбирките: „Змиски ум“, „Оган што цути“, „Заљубен Декарт“, „Пагански глад“, „Кула на љубезниот ветер“, „Црн албатрос“. Добитник е на книжевни награди во Чешка, а негови песни се преведени на руски, англиски, полски, словачки и на германски јазик.

На манифестацијата „Празник на липите“ во јуни, кога ќе биде врачена наградата „Книжевно жезло“, чешкиот поет Иво Одехнал ќе биде прогласен за почесен поет на Скопје. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 147 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Дејан Пројкоски стана уметнички директор на МНТ
Уживам кога сум дел од музиката
Шакалите чекаат, завиваат и се смеат
Лондонскиот симфониски оркестар доаѓа во Скопје
Фестивал за независен филм во Скопје
Студентски цртежи и слики во Сули-ан
Изложба на Дијана Томиќ-Радевска
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars