Професор повреден во сообраќајка во Штип
Штип - Стојан Здравев, професор на Рударскиот факултет, се здоби со полесни повреди во сообраќајната незгода, која се случи прексиноќа околу 20,30 часот, на деветтиот километар од патот Штип-Радовиш. Во критичниот момент професорот Здравев се враќал од Штип кон родниот Радовиш, но притоа налетал на неосветлена тракторска приколка, па со возилото „киа“ удрил во нејзиниот заден дел.
На него налетало друго возило, кое поминало со помали оштетувања, а неговиот возач, за среќа, не е повреден. Професорот веднаш бил пренесен во штипската општа болница каде лекарите констатирале лесни телесни повреди. (И.Б.) |