Број 2985  четврток, 14 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Американска донација за границите од 500.000 долари

 

Американска донација на опрема вредна 500 илјади долари вчера им беше предадена на Министерството за внатрешни работи и на Царинската управа со цел зајакната контрола на границите. Помошта, која се состои од термални камери со долг опсег, опрема за попречување недозволени активности на границите и различна компјутерска опрема, во името на американската влада, им ја предаде амбасадорот Филип Рикер.

„Оваа донација е доказ дека Македонија има добар пријател во САД. Програмата за контрола за извозот и гранична безбедност веќе пет години се одвива во земјава, обезбедувајќи поддршка преку помош во обуки и донација на опрема за зајакнвуање на способностите на земјата во клучните области - попречување на оружја за масовно уништување и борба против сите видови недозволена трговија“, рече американскиот амбасадор на свеченоста. Тој нагласи дека САД политички и со значајни ресурси се посветени на поддршката на Македонија за нејзините аспирации за полноправно членство во НАТО и во ЕУ.

Крајниот резултат од користењето на опремата, според Рикер, е Македонија да биде побезбедна и со зајакната контрола на она што влегува и излегува во земјата.  Рикер подвлече дека САД изразуваат задоволство од напредокот што го има постигнато Македонија во областа на попречуање на незаконските активности на границите. САД, потенцира тој, ќе продолжи со помошта за Македонија, а со цел да се зголеми контролата и безбедноста на границите. На свеченоста присуствуваа и министерот за финансии, Трајко Славески, директорот за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, и директорот на Царината, Ванчо Каргов. (МИА)


Статијата е прочитана 491 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Семејствата апелираат да не се усвојува законот за мировниците
Судењето за „Пепел“ продолжи и покрај штрајкот со глад на притворените
Тетовец загина копајќи ѕид од куќа
Професор повреден во сообраќајка во Штип
Криел дека починал татко му за да зема пари
Див таксист се обидел да поткупи двајца полицајци
Македонец критично повреден во Бугарија