Македонец критично повреден во Бугарија
Враца - Македонски државјанин е во животна опасност по сообраќајна незгода во северозападна Бугарија. Несреќата се случила завчера утро, на патот Мездра-Враца, кога „фолксваген пасат", управуван од Е.О. (52), од Скопје, удрил во дрво, соопшти агенцијата Фокус, повикувајќи се на полициски извори. Возачот на автомобилот се здобил со фрактури на пет ребра и на черепот, има внатрешни крвавења и е примен во болница. (Макфакс) |