Гулбис го елиминира Федерер
Младиот Летонец Ернестс Гулбис приреди големо изненадување на турнирот од Мастерс серијата во Рим совладувајќи го во второто коло најдобриот светски тенисер Роже Федерер со 2:6, 6:1 и 7:5.
Иако Федерер не играше во претходните три месеци, се очекуваше дека нема да има поголеми проблеми со ривалот кој моментално е на 40. позиција на АТП-листата. Меѓутоа, Гулбис го потврди својот квалитет играјќи без респект и со многу самодоверба, па по голем пресврт сосема заслужено триумфираше искористувајќи ја седмата меч-топка. |