Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Ватерполистите со оптимизам кон Волос

Грците засилени со Јоргос Афрудакис, Ѓухо на клупата на Словенците

Роберт Димитриевски

Уверена во пласман на годинашното Европско првенство во Загреб, ватерполо репрезентацијата на Македонија претпладнево заминува за Грција, каде што од утре до недела ќе брка едно од првите две места на квалификацискиот турнир во Волос. Токму Грците, кои минатиот месец беа совладани со 7:6 во рамките на Светската лига во Скопје, се првиот противник на избраниците на селекторот Стеван Нонковиќ утревечер од 19 ч. В сабота од 17,30 ч. е дуелот со Франција, а в недела во истиот термин е пресметката со Словенија. Двете најдобри селекции ќе играат на ЕП што ќе се одржи од 30 август до 12 септември.

„На хартија ние и Грците сме фаворити, но тоа ќе мора и да се докаже во базенот во Волос. Французите и Словенците не се воопшто наивни противници. Првите, како и ние, сезонава ја брусеа формата за овие квалификации со настапите во Светската лига, а вторите, иако не учествуваа во Лигата, имаат амбиции да се вратат на патеките од пред четири години, кога беа дел од ЕП во Белград“, вели Нонковиќ

Македонската селекција вечерва треба да го одржи единствениот тренинг пред стартот на турнирот во објектот со капацитет од само 300 гледачи. Селекторот на подготовките во Олимпискиот базен ги имаше на располагање сите повикани ватерполисти, кои ќе се обидат на Македонија да и' донесат второ учество на еврошампионатите по Малага 2008, каде што беше освоено осмото место.

Грчкиот селектор Анастасиос Дубас го врати во националниот тим помладиот од браќата Афрудакис, 25-годишниот Христос. Напаѓачот на Олимпијакос има играно за италијанскиот гигант Посилипо и има бронзени медали од мундијалот 2005 во Мелбурн и од финалните турнири на Светската лига во Лонг Бич 2004 и во Атина 2006.

Најголем адут на Словенците, пак, е легендата на ексјугословенското ватерполо, Веселин Ѓухо, кој ќе ги води од клупата. Тој сака да ги врати „змајчеки“ во европскиот врв потпирајќи се на искусниот квартет - браќата Марјан (228 настапи) и Јуре Настран (119), Ерик Буковац (211) и Тео Галич (180).


#
Статијата е прочитана 302 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Бразил се врати на врвот, Македонија скокна до 60. место
Мексес на продажба, почнаа преговорите со Интер
Баерн и' се поклони на новата легенда Олиќ
Гулбис го елиминира Федерер
Пресметка меѓу Кливленд и Бостон во второто коло
МОК ги помогна боксерите да заминат за Сараево
Реми во мечот за светски првак
Капушевски нов директор на салата „Борис Трајковски“