Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Баерн и' се поклони на новата легенда Олиќ

Фантастичниот Хрват постигна хет-трик проив Лион и го одведе Баерн во финалето на ЛШ

Краткиот опис на полуфиналниот реванш во Лигата на шампионите Лион - Баерн може да гласи вака - феноменалниот Ивица Олиќ! Имено, хрватскиот репрезентативец со три гола ги одведе Баварците во финалето што ќе се одигра на 22 мај во Мадрид.

Лимитираниот „Голиќ“, на кого сите му се смееме кога се обидува да направи велосипед, ја покажа својата големина против Манчестер Ј, вака во своите коментари хрватските новинари го окарактеризираа Ивица по четврт-финалето. Завчера на некој начин им тераше инает на сите истомисленици дека и не е баш така лимитиран. Головите ги постигна на три различни начини - со десна нога, со лева и со глава. Сега, има вкупно седум гола во ЛШ, што го прави втор најефикасен играч по Лео Меси, кој имаше гол повеќе пред вчерашниот реванш со Интер.

Германците кои по дефиниција се упорни не може да поверуваат за каков фанатик станува збор. „Даде три гола, но покажа и фантастична дисциплина. На него секогаш може да сметаме“, изјави Луис ван Гал.

Олиќ не е Робен, не е ни Рибери, а ниту Швајнштјагер, но оваа баернова сезона во ЛШ ќе остане запаметена најмногу по него (добро и по оној гол на Робен против Манчестер јунајтед). Олиќ го постигна победничкиот гол против Макаби, кој им овозможи на Бавараците „да се биде или не“ меч против Јувентус, во кој, исто така, поентираше за 2:1. Потоа следеше победничкиот гол со Манчестер Ј. во судиското продолжение во Минхен, а потоа и голот на „Олд трафорд“, со кој Баерн се врати во живот при 0:3.

Германските весници пишуваат дека Олиќ дојде бесплатно во Баерн (како слободен играч од Хамбургер), а сега стана непроценлив.

„Клучен е за тимот бидејќи е фанатичен работник и одбива да признае дека има загубена топка“, вели Филип Лам.

„Луд е за фудбал и дава се' од себе, а по мечот треба да го видите во соблекувалната колку е исцрпен“, посочи Томас Милер. „Олиќ е многу битен играч за начинот на кој ние играме. Постигна три гола, негов феноменален натпревар“, беа зборовите на Робен. А, самиот Олиќ на крајот кажа: „Ова е најубавиот ден во мојот живот“.

Како и да е, хет-трик во Лигата на шампионите и не е баш некој подвиг, се случило тоа седумдесетина пати, но во полуфиналето од ЛШ тоа го направиле само двајца. Покрај Олиќ и иконата на Јувентус Алесандро дел Пјеро. Тоа беше во 1998 година на мечот на „Деле Алпи“ против Монако. Тогаш Јувентус постигна четири гола (еден додаде Зидан за победа од 4:1).

Инаку, Баерн како целина одигра онолку колку што му требаше з�� да отиде во финалето. Лион се трудеше, но факт е дека тимот е лимитиран и дека и полуфиналето е огромен успех. Вистина, дефинитивната одлука падна во 60 минута и тоа не со гол на Баерн, туку со исклучувањето на Крис. Бразилецот успеа во иста минута да добие два жолти картони. Првиот поради остар прекршок над Олиќ, за кратко потоа да направи глупост, иронично аплаудирајќи му на судијата Бусака, кој тоа го казни со втор жолт. Престрога одлука, ако се знае дека ова е полуфинале на Лига на шампиони. Фаза во која судијата мора да се труди да не биде во прв план. Постојат укори пред да се донесе таква драконска казна.

Но, и да беше Крис на терен Лион не можеше да направи нешто повеќе против цврстиот Баерн. Одличен натпревар покрај Олиќ одигра и Алтинтоп, кого го имаше насекаде по теренот. Затвораше, влечеше, асистираше. Турчинот едноставно беше феноменален.


#
Статијата е прочитана 898 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Бразил се врати на врвот, Македонија скокна до 60. место
Мексес на продажба, почнаа преговорите со Интер
Ватерполистите со оптимизам кон Волос
Гулбис го елиминира Федерер
Пресметка меѓу Кливленд и Бостон во второто коло
МОК ги помогна боксерите да заминат за Сараево
Реми во мечот за светски првак
Капушевски нов директор на салата „Борис Трајковски“