Реми во мечот за светски првак
По двете завршници со победник, реми во третата партија од мечот за светски шампион во шах што се одржува во Софија од 24 април до 13 мај за награден фонд од два милиона евра, од кои 1,2 за подобриот и 800 илјади за поразениот. Резултатот е 1,5-1,5, а предвидени се 12 партии.
Бранителот на титулата Вишванатан Ананд (2787) прифати Словенска одбрана, варијанта Визбаден, користена со успех од Владимир Крамник токму против Веселин Топалов (2805) во мечот за титулата во 2006 година. Во 46. потег ремито беше изнудено по трите повторувања.
Предизвикувачот, чијшто менаџер Силвио Данаилов пред мечот најави дека неговиот клиент ќе се придржува до т.н. софиско правило, според кое се игра додека некој не победи и притоа нема нудење реми и нема разговор меѓу противниците, го повика судијата да констатира репризирање на потезите. Ананд нема обврска да го почитува правилото, а Топалов со пантомима на крајот најде начин да го прифати понуденото реми без да му прозбори.
Топалов - Ананд 1. д4 д5 2. ц4 ц6 3. Сф3 Сф6 4. Сц3 д:ц4 5. а4 Лф5 6. Се5 е6 7. ф3 ц5 8. е4 Лг6 9. Ле3 ц:д4 10. Д:д4 Д:д4 11. Л:д4 Сфд7 12. С:д7 С:д7 13. Л:ц4 а6 14. Тц1 Тг8 15. х4 х6 16. Ке2 Лд6 17. х5 Лх7 18. а5 Ке7 19. Са4 ф6 20. б4 Тгц8 21. Лц5 Л:ц5 22. б:ц5 Тц7 23. Сб6 Тд8 24. С:д7 Тд:д7 25. Лд3 Лг8 26. ц6 Тд6 27. ц:б7 Т:б7 28. Тц3 Лф7 29. Ке3 Ле8 30. г4 е5 31. Тхц1 Лд7 32. Тц5 Лб5 33. Л:б5 а:б5 34. Тб1 б4 35. Тб3 Та6 36. Кд3 Тба7 37. Т:б4 Т:а5 38. Т:а5 Т:а5 39. Тб7+ Кф8 40. Ке2 Та2+ 41. Ке3 Та3+ 42. Кф2 Та2+ 43. Ке3 Та3+ 44. Кф2 Та2+ 45. Ке3 Та3+ 46. Кф2 реми |