Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Бразил се врати на врвот, Македонија скокна до 60. место

Кариоките пак се прва фудбалска нација на планетата со 1.611 бода, ние напредувавме за пет позиции

Сашко Ѓ. Димовски

По неколкумесечно назадување или стагнирање, Македонија, конечно, бележи напредок на најновата ранг листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА). Нашата фудбалска репрезентација во наредниот месец ќе биде на делба на 60 позиција во светот, заедно со Иран, со 521 бод што претставува скок за пет места во однос на мартовското рангирање иако во изминатиот период не одигравме ниту еден меч.

Промена има и на врвот. Бразил, по подолго време, ја презеде пол-позицијата од Шпанија. Кариоките повторно се прва фудбалска нација на планетата со 1611, „фуријата“ е зад нив со 1565 поени, Португалија сега е трета со 1249, а Холандија падна на четвртото место со 1221. Италија остана на петтото место (1184), како и Германија на шестото (1107). Напредуваше и Аргентина за една позиција. „Гаучосите“ се седми со 1084 бода, Англија е осма со 1068 бода, Хрватска е деветта со 1052, топ 10 завршува со Франција (1044).

Подобрување на рејтингот бележат и три од петте наши противници во групата Б во квалификациите за Европското првенство во 2012 година во Полска и Украина. Русија, носител при ждрепката и најголем фаворит за првото место во групата, сега е на 11 место со 1003 бода, едно место погоре се најде и Република Ирска (сега е 43 со 690 бода), седум позиции „скокна“ и Ерменија (сега е 99 со 311 бода). Назадуваше единствено Словачка која од 33 место падна на 38 (742 бода). Единствена селекцијата во нашата група која остана на позицијата од март (201 место, 2 бода) е аутсајдерот Андора.

Романија напредува, Азербејџан стагнира. Романците скокнаа за четири места и застанаа на 28 со 843 бода, Азербејџанците, пак, останаа на 110 позиција (257 бода). Обете репрезентации ќе и' бидат противници на нашата во претстојните пријателски натпревари во Австрија. Со Азербејџан ќе играме на 29 мај во Бишофсхофен (18.30 ч.), со Романците на 2 јуни во Кернтен (19 ч.).

Уште две репрезентации од поранешните југословенски републики и' прават друштво на Хрватска меѓу најдобрите 50 во светот. Србија е 16 со 944 бода (пад за 1 место), Словенија, учесник на претстојното СП 2010 во Јужна Африка, е 23 со 860 бода (скок за 6 места). Репрезентацијата на БиХ сега е 51 со 604 бода (пад за 4 места), Црна Гора е на 65 место со 500 бода (скок за 4 места).

Од останатите наши соседи (Србија ја споменавме), Грција падна за едно место и сега е 12 со 968 бода, Бугарија е 39 со 740 (пад за 1 место), Албанија е 80 со 406 (скок за 3 места).

На рејтинг листата на ФИФА се котираат 207 фудбалски репрезентации. Последните шест засег�� немаат ниту еден бод, а тоа се Сан Марино, Ангвила, Монтсерат, Американска Самоа, Централно Африканска Република и Папуа Нова Гвинеја.


#
Статијата е прочитана 442 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Мексес на продажба, почнаа преговорите со Интер
Баерн и' се поклони на новата легенда Олиќ
Ватерполистите со оптимизам кон Волос
Гулбис го елиминира Федерер
Пресметка меѓу Кливленд и Бостон во второто коло
МОК ги помогна боксерите да заминат за Сараево
Реми во мечот за светски првак
Капушевски нов директор на салата „Борис Трајковски“