Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Пресметка меѓу Кливленд и Бостон во второто коло

Кавалирси со 4:1 го минаа Чикаго, селтикси со идентичен резултат ја добија серијата со Мајами

Кливленд и Бостон обезбедија меѓусебна пресметка во вториот круг од разигрувањето за шампионската титула во НБА лигата оваа сезона. Покрај нив, уште Орландо, засега, ја мина првата плеј-оф пречка.

Кавалирси минаа во второто коло благодарение на тесната победа над Чикаго со 96:94 за вкупни 4:1 во серијата против „биковите“. Меѓутоа, радоста набргу ја засени грижа. Првата звезда во тимот, Леброн Џејмс, се здоби со непријатна повреда на десниот лакт поради што кон крајот на првиот период изведуваше слободни фрлања со лева рака. Но, и со повредата беше на прагот на вториот трипл-дабл во низа. Мечот го заврши со 19 поени, 10 скока и 9 асистенции. Предводник на Кливленд во неизвесниот финиш беше Антоан Џејмисон со 25 коша. Беше прецизен за три во последната минута за заокружување на низата од 10:2 со која кавалирси обезбедија предност од 93:84. Лидер во екипата на Чикаго беше Дерик Роуз со 31 поен, Луол Денг уфрли 26.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја совладаа Оклахома со 111:87 и поведоа со 3:2 во првиот плеј-оф круг во западната конференција. Дабл-дабл ефект забележа Пау Гасол (25 поени, 11 скока), идентичен учинок имаше и неговиот колега од центарската линија, Ендрју Бинам (21 кош, 11 скока).

„Ваков натпревар може да одиграме кога добро функционираме на обете страни на теренот. Сепак, не треба да се задоволиме со ова, мора да ја довршиме работата“, рече Бинам.

„Езерџиите“ имаа фуриозен старт. Направија серија од 10:0, гостите промашија 13 удари на почетокот по кои тандерси тешко можеа да се вратат.

„Не' растурија од почеток. Забија неколку пати, навивачите се возбудија, станаа бучни и оттогаш ние само трчавме во натпреварот. Беше тешко да се вратиме“, изјави младата звезда на Оклахома, Кевин Дурант и додаде:

„Не е крај на светот. Имавме негатива од 2:0, но успеавме да се вратиме во серијата. Сите сме оптимистички расположени од почеток и такви треба да останеме“.

Тимот на Далас го доби петтиот натпревар со Сан Антонио со 103:81 и намали на 3:2 во серијата до четири победи. Карон Батлер постигна, рекордни во неговата кариера, 35 поени кон кои додаде и 11 скока.

Резултати: Лос Анџелес Лејкерс - Оклахома 111:87 (Лос Анџелес Лејкерс води до 3:2 во серијата до 4 победи), Далас - Сан Антонио 103:81 (Сан Антонио води со 3:2), Кливленд - Чикаго 96:94 (Кливленд победи со 4:1), Бостон - Мајами 96:86 (Бостон победи со 4:1).



Џамал Крафорд наЈдобар шести играЧ во НБА лигата сезонава



Дефанзивецот на Атланта, Џамал Крафорд, е прогласен за најдобар шести играч во НБА лигата. Оваа награда за првпат заминува кај член на „јастребите“, а 30-годишниот Крафорд веднаш го откри рецептот како се стигнува до неа.

„Најважно е да се остави сопственото его пред салата“, порача Крафорд.

Крафорд оваа сезона одигра 79 натпревари и во секој од нив влегуваше од клупата. На крајот ја заврши сезоната со просек од 17 коша по меч кои го прават најефикасна резерва во НБА лигата во последните две децении. Кариерата ја започна во Чикаго, продолжи во Њујорк, а една година пред доаѓањето во Атланта го носеше дресот на Голден Стејт.


#
Статијата е прочитана 286 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Бразил се врати на врвот, Македонија скокна до 60. место
Мексес на продажба, почнаа преговорите со Интер
Баерн и' се поклони на новата легенда Олиќ
Ватерполистите со оптимизам кон Волос
Гулбис го елиминира Федерер
МОК ги помогна боксерите да заминат за Сараево
Реми во мечот за светски првак
Капушевски нов директор на салата „Борис Трајковски“