Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

МОК ги помогна боксерите да заминат за Сараево

Македонскиот олимписки комитет обезбеди свое комбе со возач четворица наши боксери да заминат на традиционалниот меморијален турнир „Хакија Турајлиќ“ што ќе се одржи во Сараево од 29 април до 3 мај. Синоќа за Сараево заминаа Примислав Димовски (плус 91 кг) Илчо Јоновски (81), Фатлум Жута (75) и младиот Перхан Мемедов (60 кг). Со нив отпатуваа и тренерот Руждија Калач како и судијата Петре Неделковски.

Со оглед дека организаторот нема повикани боксери од најмала категорија до 51 кг., за Сараево не отпатува нашиот најдобар боксер Вели Мумин бидејќи нема противници.

По враќањето од Сараево ќе треба да се направи програма за подготовките на нашите најдобри боксери за европското првенство што ќе се одржи во Москва од 4 до 16 јуни. Од Америка деновиве се врати и претседателот на Федерацијата Војо Настевски така што сега барем има некој од раководството на Федерацијата со кој ќе може да се разговара и да се организираат подготовките. Меѓутоа, финансиите и натаму се голем проблем. Како што стојат сега работите за Москва најверојатно ќе отпатуваат Примислав Димовски и Вели Мумин, тешко ќе биде да се изнајдат средства за уште некој боксер. Да потсетиме на Европското првенство за секој боксер националните федерации плаќаат по 60 евра на ден. И тоа мора да се платат сите 10 дена колку што трае шампионатот без оглед дали некој боксер ќе испадне уште во првото кола. Тоа е 600 евра за секој боксер плус авионските билети. Исто така се плаќа и за тренер и за луѓето од водството на патот. Кога се ќе се собере сумата не е мала, некој ќе треба да ја обезбеди. Боксерската федерација на Македонија нема ниту денар, жиро сметката и е одамна блокирана, останува да помогне Агенцијата за млади и спорт и најверојатно Македонскиот олимписки комитет како и досега. (М.М.)


#
Статијата е прочитана 225 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Бразил се врати на врвот, Македонија скокна до 60. место
Мексес на продажба, почнаа преговорите со Интер
Баерн и' се поклони на новата легенда Олиќ
Ватерполистите со оптимизам кон Волос
Гулбис го елиминира Федерер
Пресметка меѓу Кливленд и Бостон во второто коло
Реми во мечот за светски првак
Капушевски нов директор на салата „Борис Трајковски“