Мајстор на јазичните игри

Академик Владо Урошевиќ потувајќи се на творечкиот пат на Гане Тодоровски истакна дека „меѓу неговите песни се среќаваат извонредни остварувања постигнати со јазично - стилски истражувања кои имаат за цел, како што рече создавање на песна како јазично совршенство. Според него тоа се песните „Балада“, „Седум навраќања кон мотивот трепетлика“, „Залез“, „Жинзифов“ и други. Извонредното чувство за јазик кај нашиот поет искажано и низ неговите песни и низ неговите препеви, ќе има плодоносна улога во процесот на збогатувањето и нијансирањето на македонскиот книжевен израз. Овој голем мајстор на јазичните игри штедро ќе го подари своето умеење на поетите што ги одбрал да ги препее на македонски“, рече Урошевиќ и додаде оти многу неологизми и археизми прво се нашле во текстовите од Тодоровски, а потоа заживеале во секојдневниот јавен говор и во новинарството. |