Во македонската реалност изора многу бразди

Од името на писателската асоцијација се обрати Раде Силјан кој потенцираше дека „Тодоровски претставуваше ретка појава во развојот на целокупната современа македонска реалност. Тој потсети на стихозбирката „Во утрините“ од 1951 година со која Тодоровски дебатира и на последната негова книга „Токму така“, како што реков „објавена годинава“. Силјан додаде дека творештвото на Тодоровски е реализирано во над 230 одделни публикации за поетскиот глас на Гане е глас на нашето време. Силјан потсети и на учеството на Тодоровски во покренувањето и осмислувањето на Струшките вечери на поезијата и на Институтот за македонска литература, како и во развојот и профилирањето на ДПМ. „Неговата поезија е посветена на Македонецот и на Македонија“, рече Силјан. |