Број 3291  четврток, 27 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

„Форум Скопје“ вечерва со „ПР-отест“

„Скопје 1963 доведе до Скопје 2014“, посочи архитект Антонио Петров на завчерашната дискусија

Катерина Богоева

„ПР- отест“ и „Јавен простор меѓу солидарноста и насилството“ е насловот на дебатата што вечерва во рамките на „Форум Скопје“ со почеток во 19 часот ќе биде одржана во Мултимедијалниот центар „Мала станица“. Модератор е Небојша Вилич, а најавено е учество на Стеван Вукович од Србија, Марко Голуб од Хрватска и Ника Грабар од Словенија.

На третото издание на Форумот - платформа за урбанизам, архитектура, социологија и филозофија на градот, завчеравечер кога и официјално беше отворен, со публиката се дискутираше на тема „Паралакса - меѓу 1963 и 2014“, а предавање одржа архитектот Антонио Петров од Универзитетот Харвард. Беше презентирана и инсталација од грчкиот уметник Тријантафилос Транос

Петров го разгледуваше Скопје како град на солидарноста, ја потенцираше неговата аура, а за актуелниот проект„Скопје 2014“ рече дека доколку би добил таков труд од некој свој студент, би го турнал на испит. Не им понуди никакви решенија на присутните како да го решат проблемот што го имаат со овој актуелен проект, но препорача граѓаните да не се откажуваат, да се продолжи за него јавно да се дискутира, како што рече „се' додека не се крене нова архитектонска револуција каква и што му се случила на градот во 1963 година“.

„Градот на солидарноста е свесен дека за него во 1963 година одлучуваа политичарите и архитектите, оттогаш Скопје и лебди над земјата, над она што некогаш бил, а граѓаните јас ги гледам како невработени, како лебдат над земјата“.

За него „Скопје 2014“ е реалност што Македонија никогаш ја немала, бледо копирање на светските метрополи, без да се слушне потребното мислење не само на скопјаните, туку поради важноста на проектот, и на останатите што живеат во земјава.

„Она што му се случуваше на Скопје во 1963 година доведе до „Скопје 2014“, рече Петров, нарекувајќи го проектот на Кензо Танге утопистички, кој граѓаните морале да го прифатат, а со неговата споредба на двата момента, 1963 и 2014 како клучни во развојот на градот, во отворената дискусија се согласија поголем дел од учесниците, архитекти, професори по архитектура, студенти, граѓани, дел од кои искажуваа загриженост кој ќе биде идниот развој на градот. Скопје од природна катастрофа во поновата историја изгуби дел од својата историја, а сега му се заканува, како што изјавија неколкумина, планирана катастрофа со која се согласуваат малкумина архитекти.


#
Статијата е прочитана 379 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Гане Тодоровски беше единствен во македонската поетска фаланга
Мајстор на јазичните игри
Поетска совест на нашата земја
Величината извира од едноставноста
Клучна фигура на модерна Македонија
Во македонската реалност изора многу бразди
„Баклава“ и Ајнур го отвораат 9. „ОФ фест“
Концерт на младите таленти од ФМУ
Боро Драшковиќ и Жарко Радиќ на „Астерфест“