Број 3291  четврток, 27 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Поетска совест на нашата земја

Претседателот на МАНУ академик Георги Старделов на вчерашната комеморативна седница во МАНУ, истакна дека смртта на Гане Тодоровски претставува најголема загуба бидејќи тој беше поетската совест на нашата земја и на нашиот народ. „Одамна е кажано: со смртта на еден голем човек и голем поет не умира само тој, туку умира и нешто во нас и дела од нас што остава по него голема празнина и голема болка кои долго не се забораваат. Зошто од сега па до века Гане ќе живее во нас со своите песни кои веќе приживе овој народ ги кажува како негови трајни македонски аманети. Гане Тодоровски беше единствен во македонската поетска фаланга и затоа никогаш овој народ не ќе го заборави, зашто така ти било тоа од искони: ние луѓето не ги забораваме само оние кои не можеме да ги замениме и на кои не можеме да им пронајдеме рамни. Такви по Гане не ќе најдеме“.


#
Статијата е прочитана 276 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Гане Тодоровски беше единствен во македонската поетска фаланга
Мајстор на јазичните игри
Величината извира од едноставноста
Клучна фигура на модерна Македонија
Во македонската реалност изора многу бразди
„Баклава“ и Ајнур го отвораат 9. „ОФ фест“
Концерт на младите таленти од ФМУ
Боро Драшковиќ и Жарко Радиќ на „Астерфест“
„Форум Скопје“ вечерва со „ПР-отест“