|
|
|
|
|
|
За потсмев, ама и натаму амбасадор
Министерот Милошоски го врати Љупчо Јордановски од САД само поради објавена колумна
Слободанка Јовановска
Во согласност со познатата алиби политика на шефот на дипломатијата Антонио Милошоски дека секое чудо во Македонија трае три дена, во МНР чекаат да помине рокот и да се заборави скандалот со амбасадорот во Австралија, Перо Стојановски.
Бидејќи е јасно дека нема да биде повикан и на најмала одговорност, а не, пак, повлечен од функцијата, иако реакциите во јавноста се во таа насока, добро е да се потсети министерот со каква леснотија и брзина враќаше амбасадори што не беа членови на неговата партија, туку на СДСМ. Колку да ја врати политичката доблест во оваа институција и да покаже дека некогаш е министер, а не само партиски чиновник на ВМРО-ДПМНЕ.
Враќањето амбасадори, всушност, не е казна што беше реткост во Македонија, и со грубо навраќање наназад се паметат барем седум случаи, од кои повеќето за гревови помали од овој на Стојановски во Австралија и без негативен публицитет како сега во земјите во кои не' претставуваа.
Единствен што го надмина по скандалозноста беше случајот на Алајдин Демири, за кого упати барање да биде повлечен земјата-домаќин Швајцарија, поради пијанствата и недоличното однесување. Милошоски за тепачка во амбасадата бргу откако дојде на функцијата ја повлече амбасадорката во Хаг, Добринка Тасковска, но, сепак, остана запаметен по експресноста смена на амбасадорот во САД, Љупчо Јордановски, само три-четири месеци од неговото именување - и тоа поради објавување политичка колумна. При истата лекција од политички морал настрада и амбасадорот во Лондон, Ѓорѓи Спасов, кој полемизираше со Љупчо Јордановски за или против експремиерот Владо Бучковски, но на Милошоски тогаш не му падна напамет дека тоа е нивнa приватнa работа. Впрочем, амбасадорот Виктор Габер беше вратен од Рим само поради протоколарен пропуст (го остави поглаварот на МПЦ без превоз на чествувањето на Свети Кирил и Методиј), а Димитар Димитров падна поради процената дека не е конјуктурно во исто време татко и син да бидат амбасадори во две држави ривали - Вашингтон и Москва. Ексминистерката Илинка Митрева, која ја направи транспарентна работата на дипломатијата, го врати амбасадорот од Стразбур, Звонко Јанкуловски, бидејќи медиумите ден пред него дознаа за писмото на генералниот секретар со кој се забрани употребата на терминот „македонски“. Поради политичка хипотека (учество во дебатите за поделба на Македонија), амбасадорот во Кина, Георги Ефремов, беше блиску до повлекување од функцијата, но преживеа, бидејќи сам си даде оставка.
Како Стојановски се прослави само Филип Петровски, но не толку, бидејќи за неговите скандали тогаш се пишуваше само во македонските медиуми. Како конзул, Петровски се обвинуваше за пијанство и учество во тепачки по кафе-барови во Њујорк, но министерката Митрева не мислеше дека тоа е дел од неговиот темперамент и приватен живот.
За крај, најдобро може да послужи коментарот на еден читател, кој смета дека во Македонија на вакви амбасадори-љубовџии како што е Стојановски, можеби би им аплаудирале, но не и во конзервативна земја како што е Австралија, каде што семејните вредности се светост. За смена, доволно е што машкоста на Стојановски, а не неговата работа, деновиве е главна тема за јавен потсмев во Македонија. |
#
|
Статијата е прочитана 3896 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 06.01.2011 12:11:45 |
|
Nekolku pati imam komentirano okolu slucajov Pero Stojanovski, i poveketo moj komentgari bea "na sala",no ovoj pat ke iskomentiram poseriozno,bez namera da go branam Stojanovski,bidejki komentarov sigurno taka ke bide svaten.Kakov Ambasador e Pero,neznam,toa neka odlucat onie vo MNR a i iselenicite koj se tamu.No so obzir na toa sto "konzervativna" a spored toa i "familjarna" Avstralija i te kako gi tolerira,brani pa i velica homoseksualcite, siguren sum deka Pero i negoviot svaleraj se daleku pomalo zlo.Pak ke kazam,poveketo mazi bi sakale da se "na mestoto"na Pero,a mnogu pomalku bi sakale da se homoseksualci.Batalete ja Avstralija i nejzinite"konzervativni"vrednost, gledajte nie pomalku da se raspravame za tugite ljubovni aferi.Na kraj kraeva toa e negov licen zivot,kako i na sekoj drug bilo direktor,menandzer,profesor....Neka si pravi sto saka,samo neka e good Ambasador.Neka si pravi i sekoj sto saka vo privatniot zivot.Tugi ljubovni problemi ne se za po mediumi so denovi. |
|
|
|
|
|
|
Од: Зевзек |
Датум: 06.01.2011 12:22:30 |
|
глупост, ако Австралија е конзервативна а тој таму е без сопруга, ако нема швалерка или ќе му најдат дека е геј или дека се резили во Бордели... |
|
|
|
|
|
|
Од: Nove od Melbourne |
Датум: 06.01.2011 13:37:27 |
|
Naznacuvanjeto na Pero Stojanoski za ambasador na R. Makedonija vo Australia e cisto promasuvanje Toa se vide na samiot pocetok od negovoto doaganje vo Australija. Na priemite, organizirani po razni povodi, toj izbegnuvase da gi pozdravi prisutnite, a so toa i da iskoristi prilika za promocija na Makedonija kako biznis destinacija za potencijalni investitori. So negovata Lidija, koja ja ima samo polovinata zasluga za segasniov skandal se pokazuvase povekepati javno. Mnogu Avstraliski politicari mislea deka taa e g-ga Stojanovska a ne samo negova ljubovnica. Nikade ne procitavme deka vratata na negovata rezidencija policijata ja nasla razbiena, zatoa pretpostavuvame deka taa imala kluc. Ne e retka pojavata da na elektronski upatenite pisma do ambasadata i do amabasadorot ne se odgovara. Kako sto Makedonskite nedelnici vo Avstralija pocesto izvestuvaat, vrskiste so Avstraliskite federalni i drzavni politicari gi odrzuva samo pocesniot konzul Zoran Coseski od Z. Avstralija. |
|
|
|
|
|
|
Од: pero magacinero |
Датум: 06.01.2011 13:45:29 |
|
ambasadorot stojanovski dosega trebase da bide povlecen za da civiliziraniot svet ne se majtapi so makedonija,ama koj da go stori toa,rezil pukna do nemajkade,gruevski ne dozvoluvaj nikoj da ti go valka liceto i da te berbati |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 06.01.2011 14:08:59 |
|
Дали ова сериозна влада знае што е срам.Иако златната ни државичка ја направија карикатурална пред целиот свет.Тие од критики и потсмев се оперирани. |
|
|
|
|
|
|
Од: R.R. |
Датум: 06.01.2011 14:37:38 |
|
Abe sto tolku ste zazboruvale za ljubovniot zivot na ministerot???Slucajno da ne mu zaviduvate??Kolkumina od vas i da ne recam luge na pozicija imaat ljubovnici???Sto saka neka si pravi so svojot zivot,no za ukradeniot materijal taa treba da odgovara.A da vi ukrade nekoj nesto i ne mora da vi e ljubovnica,ne e taka??Taka da zaklucok- ne mu se smejte nikomu zasto utre vas nesto moze da ve snajde.Srekni praznici !!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка |
Датум: 06.01.2011 14:46:07 |
|
Браво за Перо, а и за Јован. Швалеришта, нема што. Никако да не се помисли дека се геј. А што ја д.... во ребра цела држава, нема везе. Со наши пари се швалерисуваат, наместо да работат нема везе. Боигати сме ние, а не како Австралијанците. Слушам еден куп гастарбајтерти од таму тргнале во Македонија. |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 06.01.2011 16:08:48 |
|
Vo bivsata SFRJ ambasadori se postavuvaa lugje na zenitot od svojata kariera, koi pokraj zaslugi vo strukata imaa i diplomatski sposobnosti. Toa bese vreme za voshit, no sega dojdoa deca od ulica vo Vlada pa ambasadorite se shljam no uste malku pa setaa taa bagra koja ja isprati DPMNE niz svetot ce se vrati i ce platat za toa sto ne izrezilija po svetot. |
|
|
|
|
|
|
Од: miso |
Датум: 06.01.2011 16:49:47 |
|
Taka e Jovane, ne "podduja" so ambasadorot amater i negovite lubovni avanturi. Kako da nema nisto drugo vazno da pisuvaat po vesnicite. No za belja izgleda deka ne ni se slucuvaat nekoi ubavi raboti vo opstestvoto.. |
|
|
|
|
|
|
Од: Сергеј |
Датум: 06.01.2011 17:31:09 |
|
Со сите свои швалерации по Австралија, Перо нема да и’ нанесе толкаво зло на Македонија како што го нанесе како министер за образование. Голема работа биле неговите швалераи. Како случајно да испливаа токму во моментот кога во Македонија има селанска буна. Оваа влада е мајстор за свртување на вниманието на јавноста од суштинските кон баналните работи. И ова е таков случај. ( http://otpor.log.ph/ ) |
|
|
|
|
|
|
Од: slavko |
Датум: 06.01.2011 19:08:24 |
|
Ne e za potsmev, tuku e za odgovornost i toa za nepotizam. So kogo da razgovaras od MNR i da go prasas od kade e, ke ti rece od Kicevo! I toa site se na visoki funkcii. Ludilo! |
|
|
|
|
|
|
Од: Slave |
Датум: 07.01.2011 01:15:41 |
|
Privatniot zivot zavrsuva koga ke pocnes da zivees na tovarot na narodot sto plakja porezi.Mojot zivot e privaten a ne za ambasadorot.Negovoto odnesuvanje treba da e edna skala pogore od moeto.Treba da se povika nazad.Ili pak seuste ne sakame da uzdreeme kako seriozna drzava |
|
|
|
|
|
|
Од: skopjanec |
Датум: 07.01.2011 07:45:46 |
|
Ovoj takanarecen "ambasador", od koga e dojden tuka, nema niedna sredba so ovdesni politicari ili biznis licnosti sto e objavena vo mediumi, televizija,radio ili avstraliski vesnici.
Ama zatoa bese brz da povika federalna policija i da se najde vo site vesnici, za licna rabota sto samiot mozel da ja rascisti so ljubovnicata, bez nikakov negativen publicitet za sebe i za zemjata sto ja pretstavuva.
Golem diplomat, Masala! Nema sto da se komentira poveke... Ova sto e sluceno e dovolen komentar za nego, i za tie sto go postavile za Ambasador.
Pozdrav |
|
|
|
|
|
|
Од: Dark Avenger |
Датум: 07.01.2011 08:34:43 |
|
"конзервативна земја како што е Австралија, каде што семејните вредности се светост" ????????
Vo Avstralija 45% od brakovite zavrsuvaat so razvod...Ne bas nekoja indikacija na semejni vrednosti!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: keno |
Датум: 07.01.2011 09:03:17 |
|
Toj minister amater samo ne zamara so negovite tresenici. Od kade li go najdoa, a toj naoga samo praznini.. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ранко од Пуздерци |
Датум: 07.01.2011 17:36:54 |
|
Абе брака и сестри коментатри, само ва потсетам на нешто од та бивша социјалистичкаСФРЈ. Знаетели кој можеше да биде мбасадор?Прво проверен патартиски и семејно до осмо колено.Второ ИДЕ на,бре на обука, чколо,за амабасадори.Ке се обуче и како да носи фрак, да ги игра тие традиционални светски игри.... А,сега, Боже мој замислите колку ПЕРСОНИ од нашето МНР, не знаат ни кравата да си врзат,склад на кошула, одело итн. Да се разбереме сите доцнат во развојот... На моите 76 години, штета што не сум на местото на Столе наш амбасадор... |
|
|
|
|
|
|
Од: Кире |
Датум: 08.01.2011 01:16:36 |
|
Добро бе луѓе! Што очекувате и што воопшто ги коментираме овие несоодветни амбасадоти, кога самата Влада која ги предлага (и ги назначува) нема никакви критериуми за вредности. Затоа ние од наши пари ќе ги плаќаме ваквите недоквакани личности. |
|
|
|
|
|
|
Од: vlatce |
Датум: 08.01.2011 01:39:30 |
|
abe luge so makedonski(vasi) pari brka ljubovnici i ja rezili Makedonija.znaci e za kritikuvanje. |
|
|
|
|
|
|
|
|