Број 3475  четврток, 06 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Поглед

Република во пламен!

Димитар Чулев

Пожелно би било Центарот за управување со кризи денес да лиферува соопштение во кое ќе потсети дека пожарите што се случуваа сношти низ Републиката не биле елементарна, туку строго контролирани појава „подметнати“ со намера да се задоволат не толку пироманските колку паганските страсти на дел од популацијата, која „огнено“ го празнува Бадник.

Која е врската на христијанскиот обичај (вечерта пред раѓањето на Исус да се стави и да се запали бадниково гранче во семејното огниште), со логорски огнови пред секоја станбена зграда, не е познато, но познати се намерите: онака, во зачадена атмосфера од кубиците што горат, барем накусо да се суспендира цивилизирано однесување, да се пие греана домашна ракија со црпалки од тенџериња за ајвар, онака одлепено да се сврти некое оро на турбофолк-нумера, која ечи од „појачалата“ што ги обезбедуваат маалските „клинци“ на кои во оваа пригода им е дозволено рамноправно да учествуваат во инфантилното однесување на нивните „старци“. Тие истите, кои наредниот ден се мамурни исто како кога треба да платат 100 денари за лифт и за чистачка во нивниот влез...

Ако е и традиционално – многу е, особено што е контра цивилизациското ниво, урбаната средина, актуелниот момент, конечно, против еколошките напори на планетарно ниво.

За оние што ќе се згрозат од напишаново, еден податок: Во Македонија еден хектар шума годишно расте (или дава) во просек 2,1 кубен метар дрвна маса. За оние 500 кубни метри што ќе изгорат вечерва, од пролет ќе треба да „сработат“ шумите на 250 хектари. По оваа брзина на растење на шумите, земјава е меѓу последните во Еврпопа. Само во Албанија, Кипар и на Малта шумите растат побавно. Па, има ли логика огнениот Бадник?


#
Статијата е прочитана 1711 пати.

Испрати коментар

Од: gragjanin
Датум: 06.01.2011 12:37:16
"Ако е и традиционално – многу е, особено што е контра цивилизациското ниво, урбаната средина" Tochna konstatacija! MOzhe li da zamislite vo centarot na Pariz, London, Milano, Hamburg, Praga, Budimpeshta...da gorat ognovi i okolu da se igra? Sekako, ne, bidejki tie obichai se nesoodvetni so gradskoto zhiveenje. Jas ne sum protiv tradicijata no, takvo prakticiranje lichi za ruralnite sredini. Zoshto se insistira Skopje da ostane provincija? Zamislete gi baroknite zgradi od Skopje 2014 i pred niv koledarski ognovi so pijani igraorci naokolu. Epten, nobl, neli?
Од: keno
Датум: 06.01.2011 15:21:53
Da se zaprasame dali ima tamu malku um vo vrska so tie gnovi.Ucesnicite licat na pijani "domorodci" koi kruzat okloku ognot za da go istreat zloto. Od koga tolku zlo se nasobralo megu tie luge tamu... Bog da cuva.
Од: Трпе
Датум: 06.01.2011 18:04:33
И овде има перење пари.Се горат 500 кубици дрва(ако податокот е точен),наместо да се поделат на социјални случаи.Напролет пак на денот на дрвото ке се садат нови 7 милиони цвекиња.А за ова што метрополата ја направија да личи на некое афричко село во друга прилика.Пералната мора да работи иако во барокот не постоеле машини за перење.
Од: TRAJANKA
Датум: 06.01.2011 19:21:42
Dimitar mene licno si mi omilen Novinar , no sega malku pretera , tradicijata sto se neguva vo Makedonija e nesto najubavo kaj narodot . Palenjeto drva na Badnik ne e primitivno . Vo London sekoja godina vo Novembar se slavi so vekovi GAY FAWKES se palat drva vo Parkovi i privatni gradini , site slavat i pijat od malo do golemo . SREKEN BOZIK NA SITE VERNICI
Од: ero
Датум: 07.01.2011 00:57:32
Krajno neodgovorno,paganski obicai da se proglaasuvaat za hristijanski.Ona sto go promovira drzavnata crkva h nema od hristijanstvo.Po cel den slusame samo jadenje pienje,bogata trpeza.A kako ce go proslavat praznikot onie koi nemaat bogata trpeza.Tie se predodredeni za pekolot.Ako toa e duhovnosta na nasiot narod togas sme najbednite luge na svetov.Pokraj ognovite ima i deca,tinejdzeri koi gledaat sto pravat postarite,jadat,se ligavat,pijat se opivaat,.medjusebno se psujat,nekade se tepaat.So eden zbor,duhovna beda.
Од: Од Мене до Вас
Датум: 07.01.2011 20:25:43
Се прашуван НАВИСТИНА каква е таа традиција да си ја гориме иднината за еден ден? Што мешате традиции со глупости?? Дали си ги читате текстовите и што ли браните во тие шкрабописи. Едни се борат зе пошумиување, кое и треба на земјата и кое ке донесе благодет после 30 години, а некои сеголуваат шуми преку една ноќ. Црквата вели да се слави празникот црковно - кое за мене подразбира духовно а не налудничаво, пијани и варварски. Се прашувам понатака зошто не се палат огнови од ракијата, кога знаеме дека и таа гори и тоа добро.
Од: Виктор
Датум: 08.01.2011 05:27:33
Ај, бе, душегрижници олабавете малку, се’ ни е токму, па уште огништата за Бадник да не се палат и совршено ќе биде.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Божикен егзил
Колку УДБ-а беше нашата судба (23)
Бакнежите за добро здравје разболеа половина нација
Ја оправдавме ли независноста (3)
Бадник во Мала Речица по една деценија
Ниту леб ниту игри!
И гувернерот Гошев стаса за лустрација
За потсмев, ама и натаму амбасадор
Тутунарите се судрија со полицијата
Промашена деценија (2)
Вевчанци подготвени за василичарски ѓурултии
Пандев со победа ја почна новата година
Инспектори пак ќе влегуваат на „Перо Наков“
Kај и да си,за Бадник дома да си
Божиќен концерт во Соборниот храм
Новата средба на Нимиц со преговарачите на 9 февруари
Дивоградбите - по eдно евро за квадрат
Премиерот Груевски со честитка за Божик
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks