Број 3475  четврток, 06 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Дивоградбите - по eдно евро за квадрат

Дивоградбите ќе може да се легализираат по едно евро за квадратен метар. Граѓаните ќе може да ја плаќаат легализацијата на 12 рати, по што, откако објектот ќе биде правно решен, ќе може да се откупи и дворното место, доколку земјиштето е во државна сопственост.

Вака одлучи Владата вчера, на првата седница во новата година. Одлуката веднаш ќе биде доставена во собраниска процедура, а се очекува да биде усвоена најдоцна до март годинава. Потоа, во наредните шест месеци граѓаните ќе можат да поднесуваат барање за легализирање на бесправно изградените објекти.

„Се одлучивме на овој чекор зашто дури до 95 отсто од дивоградбите се на лица што се со ниски примања, или корисници на социјална помош, што беше утврдено на трибините што се одржуваа во општините кога беше презентиран Законот“, рече премиерот Никола Груевски на вчерашната прес- конференција.

По едно евро квадрат ќе може да се легализираат дивоизградените објекти што имаат значење за државата и објекти наменети за производство, дистрибуција и сервиси (тешка и загадувачка индустрија, лесна и незагадувачка индустрија), како и индивидуални градби со висина до 10,2 метра. Исто така, ќе може да се легализираат и дивоизградените делови на објектите.

Груевски потенцираше дека со последните измени на Законот дивоградбите се сметаат како кривично дело, поради што не очекува во иднина да се практикува ваквиот вид градење. Тој појасни дека со Законот сега ќе можат да се легализираат и некои државни објекти што во минатото биле изградени без одобрение, како што е, на пример, Клиничкиот центар во Скопје.

Завчера со реакција околу Законот се јави и Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Архитектите побараа од Владата да го повлече понуденото законско решение, кое, според нив, е неуставно, бидејќи сметаат дека отстапува од принципите на недискриминација и рамноправност. (Б.А.)


#
Статијата е прочитана 1559 пати.

Испрати коментар

Од: Moris
Датум: 06.01.2011 12:10:47
Sega mu e majkata da se GRADI taman dodeka zakonot se izglasa ima da bide dogradba ili nadgradba ..Koj moze i koj e blizok do gradonacalnicite...A onoj Kumanovskiot Gradonacalnik rusese po gradot i sega ke mu se smeat lokalni urbanisticki mafiozi.
Од: ivana
Датум: 06.01.2011 12:53:06
cisto diskriminatorski i protivustaven zakon...kako moze da se legaliziraat divogradbi kuki a zgradi ne...po koja toa logika onoj sto zivee vo kupen stan vo zgrad koja ne e legalizirana da ne moze da go legalizira svojot imot kako onoj vo kuka...zosto takvi podelbi?...ili se neka se legalizira ili nisto...vo vakva forma ovoj zakon ke padne na ustaven sud
Од: Петруш
Датум: 06.01.2011 12:57:40
Доне��ениот закон за легализација на ДИВОГРАДБИТЕ повредува многу Македонски граѓани кои се воздржувале, ИАКО имале голема потреба за дограба – ГРАДБАТА ДА ЈА направат нелегално - сепак и во тие тешки моменти на живот, не се ОДЛУЧИЛЕ да го прекршат законот за градба?!!! Оваа одлука, СИТЕ НИВ ги ДЕГРАДИРА и ПОНИЖУВА. и јас, како и моите сограѓани на МАЏИР МААЛО, едно од најстарите населби во Скопје, сме понижени и деградирани со овој закон. Со него, граѓаните кои се огрешиле од законот и направиле дивоградби наместо да се санкционираат, великодушно се наградуваат. Значи ЧЕСНОСТА е казнета ??!!! До пред некоја година, за време од дваесетина години, беа донесени два ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ. Граѓаните со мали забелешки ги усвоиjа и се ПОНАДЕВАА дека ке можат ЛЕГАЛНО да си ги РЕШАТ своите станбени проблеми?!, меѓутоа од тоа немаше НИШТО - бидејки во некоја друга инстанца тие ПЛАНОВИ биле ОТФРЛЕНИ, без знаење на граѓаните ? Така ДЕНЕС МАЏИР МААЛО преставува НАЈГОЛЕМО ГЕТО .
Од: Ice
Датум: 06.01.2011 16:21:38
А што со луѓето кои платиле ДЕБЕЛО за да отпочнат со изградба на куќарче или пак за доградба на стан/куќа? Каква дискриминација. Значи пред неколку години може требаше да замижам пред законот кога ја правев куќата и платив 15 000 евра за комуналии, и да ги зачувам за мене затоа што денес некој со 500 евра ќе има исто така легален објект. БРАВО!
Од: zoko
Датум: 06.01.2011 18:31:20
Porakata e:urbana mafio i site prekrsiteli na zakonot gradete slobodno,a vasite zastitnici-vladata,ke ve legaliirame bez pari.Uste i diskriminatorski i zatoa neustaven zakon.
Од: ЛикиКонтики
Датум: 06.01.2011 20:48:27
Каква мафија! Велат, „ 95 отсто од дивоградбите се на лица што се со ниски примања, или корисници на социјална помош„, а ке легализираат и индустриски објекти. Очигледана е намерата на Владата да им се додвори на граѓаните, а крајната цел е да им се излезе во пресрет на одредени групации. Знае ли ова детска Влада дека во Скопје има цели згради со не регулирани комуналии, луѓето немаат имотни листови, ниту било каков документ за сопственост. Еве ви пример, згр. во Мичурин на „Венјамин Манчуковски„ 2а.
Од: xxL from Prilep
Датум: 06.01.2011 22:20:46
a tie so se povisoki od 10,2 metri ke gi rusite???pa 70 posto se nas taa visina.Povelete rusete,ke se srusite sami!!!
Од: lavce
Датум: 07.01.2011 01:38:19
E se ima vo Makedonija, ma se e mozno samo taka. Neli izbori ke doagjaat pa treba da se se dodvori na nekoi sto ke glasaat za nego. Me iznasmea so zakonot za objektite od znacenje za zemjata so teska zagaduvacka i lesna zagaduvacka...... E moj Premieru samo dokazuvas deka ne si dorasnata za funkcijata koja ja imas. Plukas po site cesni lugje koi so maka gi platile davackite kon drzavata i zaradi toa napravile pomali kukji a gi podrzuvas onie koi bile bezobzirni kon zakonite i koi sega so 2000 evra ke legaliziraat kukji od 200 kvadrati. Samo taka prodolzi so plukanjeto po cesnite bar znaeme od koja strana si ti.
Од: makedonec
Датум: 07.01.2011 01:39:52
sramota e ova sto go pravat mafijasi pravi nema dolgo da odat so ova nikade vlasta se zamislava deka se nekoj gospod ili hitler neka se zaebat ke vidime do kaj ke stignat
Од: Strogo namenski zakon
Датум: 07.01.2011 10:04:52
Ovaj zakon e nepraveden, diskriminatorski , antiustaven( gi stava vo privilegovan polozaj ludjeto koi go krsele zakon) i namenski za odredeni urbani mafiozi preku nepravda i kriminal legalizirat divogradbi koi pred ocite na vlasta gi gradea bespravno. Jas mislam deka istiot ,ako ima pravda i Ustaven sud vo ovaa zalna drzava treba pod itno da se proglasi a neustaven>
Од: Maja
Датум: 07.01.2011 10:14:05
Za sramota!Se sekavam od sto se moravme kako deca da se otkazeme za da tatko mi plati komunalii za novata kuka i da bide se legalno!Ova ne e drzava so strategija,so smisla za urbanisticko planiranje,so ideja za idnina na Makedonija.Zamislete nekoj ke legalizira divogradba za 1eu/m2,a potoa ke se proektira ulica (kako sto fali infrastruktura) i na istiot covek ke mu se plati po pazarna vrednost ,ako treba da mu se srusi objektot.Ova e napad na dostoinstvoto na graganite ,los primer deka sekogas toj sto ne go pocituva zakonot e vo prednost od toj sto go pocituva,Toj sto moze da donese vakov zakon ne ja saka svojata drzava,ne ja poznava,ne gi videl gradovite kako izgledaat so site divogradbi.Gospod neka ni e na pomos!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Божикен егзил
Колку УДБ-а беше нашата судба (23)
Бакнежите за добро здравје разболеа половина нација
Ја оправдавме ли независноста (3)
Бадник во Мала Речица по една деценија
Ниту леб ниту игри!
И гувернерот Гошев стаса за лустрација
Република во пламен!
За потсмев, ама и натаму амбасадор
Тутунарите се судрија со полицијата
Промашена деценија (2)
Вевчанци подготвени за василичарски ѓурултии
Пандев со победа ја почна новата година
Инспектори пак ќе влегуваат на „Перо Наков“
Kај и да си,за Бадник дома да си
Божиќен концерт во Соборниот храм
Новата средба на Нимиц со преговарачите на 9 февруари
Премиерот Груевски со честитка за Божик
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks