Број 3475  четврток, 06 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Си велам

Ја оправдавме ли независноста (3)

Ерол Ризаов

Не се остварени суштинските стремежи на европско и демократско општество

Годинава ќе славиме голем јубилеј - 20 години самостојност и независност на Република Македонија. Пред да почнат прославите и празничните еуфории го поставувам, по трет пат во три години, јавно клучното прашање: ако историски сме ја заслужиле македонска самостојна држава, како аманет на жртвите и стремежот на повеќе поколенија, и ако таа слобода е крунисана со голема победа за прв пат во историјата во Антифашистичката војна, (1941-1944) дали ја оправдавме независноста (1991-2011) добиена по мирен пат. Знам дека боли, ама мојот одговор и натаму е НЕ. Македонија не ги оствари своите најголеми стратегиски цели во овие две децении. Независноста е заслужена, но се' уште не е оправдана.

Второто клучно прашање е кој е виновен за тоа. И тој одговор боли до коска. Нашите политички и интелектуални елити, нашите водачи и институции на системот не беа на ниво на историскиот предизвик. Тие не само што не ги забрзаа историските процеси. Туку ни по 20 години не ги остварија суштинските стремежи на едно современо европско и демократско општество. Tоа го постигнаа пред нас наши соседи што беа далеку зад нас во стартот на големите промени. Или барем ние така мислевме забегани во самобендисаноста и идеологијата. За тоа дел од вината носат граѓаните на Македонија, цивилниот невладин сектор и медиумите и вкупното ниво на политичката култура, и покрај голем напор, не успеавме да создадеме пресудна критична маса што ќе им ја испорача на политичарите агендата и вистинската мерка на успешноста на една политика. Со примитивниот популизам и со грубата партизација на Македонија политиката секогаш го победуваше здравиот разум.

Во изминатите 20 години двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, кои владеат рамно по 10 години не ги остварија очекувањата на граѓаните и големите надежи од новото демократско општество. Тие секогаш успеваат да го разводенат критериумот на успешност и отчет наоѓајќи оправдувања, кои, главно, се базираат на надворешните и домашните непријатели. Постојано се виновни странците и големите сили. А, највиновни се нашите соседи што ни испорачуваат ултиматуми. Потоа не помалку се виновни домашните опозиционери и петтата колона на докажани непријатели. Власта, било чија, вмровска или сдсмовска, во вакви услови не ја прифаќа одговорноста дека таа е избрана да најде решение за стратегиските цели и да ја трасира иднината на државата во правилна насока. Тие секогаш ни посочуваат нови виновници како оправдување, а не наоѓаат решение. Затоа Македонија за 20 години не исфрли големи лидери и државници.

Кои се најголемите грешки и неуспеси на македонските власти мерено според светските стандарди за успешноста на една политика.

Прво - степенот на развој на демократијата и човековите слободи. Според сите официјални и признати ранг-листи Македонија назадува во демократските процеси и заштитата на човековите права. Општ впечаток е дека Македонците не ги боли многу за одбрана на демократијата што ја добија на тацна без жртви. Слободата и независноста на медиумите драматично паѓа особено во последните години. Се чини, сега е најлоша ситуацијата. Концентрацијата на неограничена и неконтролирана власт во рацете на еден човек, премиерот Никола Груевски е единствен случај во Европа. Премиерот Груевски ја има под целосна контрола судската власт, парламентот, институцијата претседател на државата, најголемиот број медиуми, невладини организации,научни, културни и спортски асоцијации. Докази за нарушените демократски процеси во секојденвјето има колку сакате. Пресумција на невиност е непозната категорија за македонската партиска полиција. Се апси строго селективно. Големите криминални афери речиси исклучиво се дознаваат по промената на власта. Највисокото демократско тело на државата, законодавниот дом, парламентот е деградиран и компромитиран. Таму не може да помине ни одлука за затворање на прозорците кога има провев, ако тоа не е предложено од власта.

Да имавме храбри државници наместо просечни политичари, досега Македонија ќе беше рамноправна членка во НАТО , а најверојатно, и во ЕУ, бидејќи вообичаено преговорите за редовно членство траат три-четири години. Ние чекаме пет години да почнат преговорите. Најголемата трагедија на оваа политика ќе биде ако во 2011 се докаже дека непријателите и предавниците кога предлагале прифатлив компромис за името, биле во право. Чуму тогаш изгубивме рамно пет години. Компромисот што требаше да го направиме пред пет години сега е понеповолен. Краставата жаба со промена на името ќе мора да ја голтне оваа власт, колку и да бара соучесници.

Вкупниот квалитет на живеење во Македонија според економски и политички критериуми е под нивото од 1990 година, една од економски најлошите години при распадот на Југославија. Статистичките показатели се' уште не се надминати од 1989 и 1990 година. Како оправдување некои политичари и аналитичари наведуваат дека тогаш се одржувале вештачки високите показатели со презадолжување на Југославија и на Македонија и со неповратна финансиска поддршката од Фондовите за неразвиени републики. Чувствата на граѓаните дека тогаш се живеело подобро и побезбедно се нарекуваат плод на манипулација, легенда, мит и слично. Денес ни било многу подобро ама тоа не го знаеме. Требало да ни кажат. За презадоженоста на Југославија и вештачки напумпаните показатели еве неколку факти. Бившојугословенските републики како самостојни држави се пет пати позадолжени. Ако 1989 година должеа над 20 милијарди долари денес тој долг е над 100 милијарди. Згора на тоа, во изминатите 20 години добија уште толку неповратна финансиска помош од светот и од Европа што ги надминува парите на сите југофондови.

Ако квалитетот на живеење и стандардот на граѓаните, човечките слободи и демократијата, споредбените показатели со нивото на развој со ЕУ , човековата околина и еколошка свест, сиромаштијата, невработеноста се со понеповолни показатели отколку пред 20 години, тогаш одговорот на прашањето дали ја оправдавме независноста чинам е јасен барем за луѓето кои не страдаат од партиско слепило. Се' уште, НЕ. До кога. Додека не избереме државници - лидери што ќе ја преземат храбро одговорноста за иднината на земјата. Со политичари што се кријат зад народот наместо да го водат, таа работа не бидува.


#
Статијата е прочитана 2137 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 06.01.2011 12:49:13
Nezavisna drzava definitivno zasluzuvame.So vekovi luge ginele i stradale za ovaa ideja,i po nikoja cena nesmeeme ovaa drzava da ja izgubime.Drugo prasanje e kako ovaa drzava vo poslednive 20 godini ja upravuvame(pljackame),no ovoj problem ima ime i prezime.Tocno se znae koj 20 godini se bori za drzavava a koj 20 godini ja pljackosuva i koristi ISKLUCIVO za sopstveni interesi. Problemot e sto nema volja toa da se resi,ili pa se uste ne se pojavila taa volja.Kako i da e nekoj raboti vo interes na pravdata i vistinata mora da se razresat.Ima edna stara izreka"pravdata mora da pobedi makar i svetot se srusil",denes go pazime svetot da ne se srusi,ama zatoa pa go gradime toj svet na temelite na nepravdata.Taka nemoze poveke da bide.Ke ima promeni sekade,pa i ovde.
Од: stole
Датум: 06.01.2011 13:07:34
Popusto cekate da se rodi silen politicar vo Makedonija. Za toa se neophodni povekje preduslovi, sostojba na svesta, istorija, tradicija a na kraj ( ili na pocetok) kapacitet na nacijata ( ako ja ima).
Од: Македонец
Датум: 06.01.2011 13:24:34
И повторно истата плоча постојано се врти, и се врти, и се врти и се врти... изгледа на DJ-от не му е јасно дека веќе одамна луѓето не ја служаат оваа музика... поздрав и малце поднови се во анализите... поздрав и среќни празници...
Од: R.R.
Датум: 06.01.2011 14:40:27
Neka ni e cestita nezavisnosta!!! Makedonija i makedonskiot narod toa go zasluzi.I vo svojata borba za nezavisnost,ovaa zemja naide na tezok pat,na strasni prepreki i sto e najtesko od svoi luge koi se obidoa da ni prodadat ime i identitet! Sreka,narodot se svesti na vreme ! Da zivee Makedonija i ovaa Vlada !
Од: ?!
Датум: 06.01.2011 14:52:05
Има македонец,македонче и примакедончиња.Овие третиве севезден анализираат,укажуваат,врескаат како мали деца,едноставно си играат играчка плачка.Овие македончињава ине толку им е јасно што се случува.А пак македонциве,како тебе македонец мислат дека се се врти истото ЦД како од пред турското.А бре МК од сите сорти.Ако ние стоиме во место незначи дека земјата не се врти.Ау!Како не се сетив.Па ние сме во центарот.Вртела се не вртела ние и така ќе си седиме на место.Како да не.После еврото.ништо веќе не е исто.Се тече,се се менува.Само ние не.Машала!
Од: bramoni
Датум: 06.01.2011 14:55:08
Драги сограѓани! Да ја добивме независноста, но не ја оправдавме, зашто поголемиот дел од населението се` уште нема развиено механизми за љубов и почит кон својата држава (ги има полно со наставката -фили и -мани). И останува мал број Македонци на кои им е стеснет просторот да бидат Македонци, зашто упорно, поради ситнопартики интереси и разни спреги, ги прогласуваат ту за предавници, ту за платеници, да не зборувам за припадниците на други националности, едни намигаат ваму, другите се во клинч, третите се постојано виновни. Додека не застанеме сите во одбрана (и оправдување) на државата, ќе ја поткусуриме независноста и таа ќе отиде во неврат. Долг е патот до граѓанско општество со сите обврски и привилегии. А патриотизмот не треба да биде лажен, туку вистински, конечно Македонија ни е наш заеднички дом.
Од: Stojan
Датум: 06.01.2011 15:11:42
Ризаов, вие сте новинар но во основа историчар. Зошто не направите паралела со владеењето на оваа власт со владеењето на Ванчо Михајлов во Пиринскиолт дел на Македонија. Време на страотен терор, на страв и покорност. Направете паралела. Само насилниците профитираат со грубоста а како пример е кафаната “Јана“ која по безброј пријави за нејзино затварање, со огромна храброст и насилништво, со кинење на пломба а потоа и со специјална единица на МВР заради парада, повроно затвара за да по 3-4 дена повтоно се отвара дувлото каде се пуши во неограничени количини и узурпира до крајност со посебна дрскост јавната површина - тротоарот. Човечка беда и мизерија на инспекциските власти.
Од: 3G
Датум: 06.01.2011 16:43:10
Edinstvena NADEZ e konecno sansa da dobie nadezniot drzavnik Branko bidejki vo Makedonija ima samo edna prirodna partija kako cel za sebe.
Од: bingo
Датум: 06.01.2011 16:44:13
Gospodin novinar, pettiot pararaf od tekstot e zastrasuvacki, a kolku razbirame nikoj muva ne go lazi. Toa e zacuduvacko pred ocite na Evropskite pretstavnici itn. Znaci narodot e "ovca" , a gastarbajterite i ponatamui prodolzuvaat da isprakaat sredstva vo Mk. ( na familiite). Koga bi prestanale tie sredstva, togas e mozno da se sluci zabrzano bankrotstvo.. Offff.
Од: karokan "gambit"
Датум: 06.01.2011 16:46:06
G-dine Stole,poslednoto i samo poslednoto sto vo nabrojuvanjeto povece preduslovigo stavi na kraj. Se drugo sto nabrojuvas doagja kako rezultat na poslednoto-intelektualniot i demokratski kapacitet na narodot.Mozes da imas kadarni lugje na sekoj cekor i povtorno da bide izbran nekadarnik.Vo edna debatna (duel) emisija na BTV (,pomegju iracanec i saudiec) pred napadot na Irag,rece saudiecot: "Jas sum uste utre da go snema Sadam Husein,no ne so agresija,zosto kapacitetot na iracanite e takov sto na prvite slobodni izbori ce izberat drug Sadam.Za dzabe tolku zrtvi i razrusuvanja!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 06.01.2011 18:17:46
Како прво еден добар текст во кој благо преовладува анимозитетот кон власта.Како второ една исправка власта во 1994 год.преку фалсификуваните избори направи европски а можеби светски рекорд во бројот на пратеници,некаде околу 90-тина.И трето безброј пати се прашувам што ни требаше такво референдумско прашање за независноста уникатно меѓу ексЈУ-републиките.
Од: Markos
Датум: 06.01.2011 18:29:15
Vo knigata "Buna protiv dahija", Svetislav Basara ja ismeva nesposobnosta i gluposta na liderite na Srbija, i, ocigledno ne ocekuvajki plodovi od segasnata "demokratska vlast" (bremena so besprimerna neodgovornost i kupista greovi za koi treba da se lezi vo zatvor), se zalaga za avtoritarna vlast so maksimalno prosveten vladetel. Ova e univerzalna prikazna za drzavite od eks Ju, izzemajki ja delumno samo Slovenija. Nekoi znacitelni iscekori nema da se slucat bidejki "krizata ne e dovolno dlaboka", a nitu impulsi od razvieniot svet, bidejki toj si gi gleda svoite gajlinja.
Од: EU
Датум: 06.01.2011 18:40:33
Poumni od mene kazale:sekoja vlast go otslikuva narodot/graganite sto ja biraat. A po slikite na paganski piromani i podnapieni turbo-folk orovodaci, srede "barokno" Skopje, ne znam kakvi prosvetleni drzavnici moze da ocekuvame.
Од: Dimce
Датум: 06.01.2011 19:07:16
Vo niedna drzava na "demokratskiot" Zapad ne vladeat partiite izbrani od biracite. Vladite se samo lice na nevidlivite vladateli i mozat da odstapat od zacrtaniot kurs samo neznacitelno. Nie makedoncite ne uspeavme da napravime edna zaednicka nacionalna vlada vo pozadina koja ke gi brani nasite nacionalni interesi. Toa mesto sega nie podpolneto od strancii koi si gi zastapuvaat ninvite interesi, a ne nasite. Za toa najpoveke se krivi onie koi bea prisutni vo vremeto na osamostaluvanjeto.
Од: Nikola (ne Gruevski)
Датум: 06.01.2011 19:46:21
Za da bide demokratska drzava, ne e potrebno Makedonija da ima lider vo bukvalna smisla na zborot, tuku treba da ima Vlada, partii so dovolno kriticna masa za demokratija. Najnov biser: Antikorupcija se proglasuva za nenadlezna za stanot na Nadezda Grueva vo Praga? Majkata, medicinska sestra vo socijalisticko zdrastvo, ima 4 stana i verojatno stan vo Praga, a sinot 4 godini minister i 4 godini premier, nema nisto!? Pa zar ne ne pravat site nas majmuni?
Од: Do kapacitetot e
Датум: 06.01.2011 21:19:11
Stole za zal moram da konstatiram deka si vo pravo.Problemot e vo kapacitetot na nacijata ili sto rekol narodot tolku ni delile. A onie koi ne veruvaat samo neka utvrdat koi " eliti' na site nivoa vo opstestvenoto ziveenje gi imame
Од: nacional-patriot
Датум: 07.01.2011 01:04:04
Makedonija stana drzava vo 1991 godina ne za da go menuvaat imeto na drzavata vlastite podocna,tuku da go odbranat i afirmiraat vo svetot.Makedonija ne stana nazavisna drzava za da vleze vo NATO i EU po sekoja cena.Nitu edna drzava koja sakala i stanala tamu clen,ne bi prifatila clenstvo po sekoja cena.Primer e Turcija.Taa mnogu pobrzo,mozebi sega i bi bila clenka vo EU, ako dozvolese nezavisnost na Kurdistan i so toa ke go namalese brojot na ziteli i teritorija i ke nemase voen konflikt na nejzina teritorija.Tokmu toa e zabeleskata na nekoi drzavi od EU za Turcija,nejzinata golemina i neresenoto kurdsko prasanje.Epa zosto Erole ne se najde nekoj politicar so hrabrost vo Turcija i ne gi prifati ovie uceni od Brisel kon Turcija?Zatoa sto toj turski politicar bi bil predavnik za mnozinstvoto Turci i so pravo.Nema da se sluci tragedija vo Makedonija vo 2011 g.Nitu vo narednite godini,zatoa sto onie sto predlagaat kompromis so Atina sekogas ke bidat smetani za predavnici,a ne za hrabri.
Од: Hari
Датум: 07.01.2011 11:46:08
Abe Srecko, nikako da ne prifatis nekoi pravila, koga repliciras na nekoj komentar prvo procitaj go , dali ce go razberes ne znam, no vaka si smesen. Komentarite na koi repliciras se istovremeno repliki na tvojata replika. Problemi finansiski so tioe sto te placaat?? E tesko e da se brani pozicijata, navistina nevozmozno?
Од: zoran
Датум: 07.01.2011 12:31:41
nezavisnosta ja zasluzivme poradi onie sto go dale zivotot za toa.megutoa sega sme mnogu pomalku drzava negoli pred dvaeset godini.sto i nedostasuva na makedonija za da bide vistinska drzava ..pametni luge na vistinski mesta go nemavme toa ovie godini.poglednete ja segasnata vlast se ke vi bide jasno a ipred toa ne bese podobro.
Од: r.todor
Датум: 07.01.2011 13:38:33
Дали ја оправдавме назависноста...?Да...но проблемот е во тие кои што ја раководат државата...и на оние кои што стојат зад политичарите.Тоа е целата филозофија.Квалитетот треба да доаѓа од горе и да се пренасочува кон пониските слоеви за да се одржи квалитетот во сите сегменти на општеството.Тој што не го бива да се отстрани и да се вгради друг,подобар.А за да се дојде до тоа ниво потребно е созревање,учење на грешките и што помалку партијска политика а повеќе национална стратегија.
Од: Внимателен читател
Датум: 07.01.2011 14:55:01
До Наципонал- патриот. Има луге што трескаат будалштини и си тоа се гордеат. Од она што се срамат паметните будалите се фалат. Па земи бе господине нацинал патриот или соицијалист што си не знам прочитај нешто. Кај си слушнал или прочитал дека Турција не ја примале во ЕУ поради Курдистан. Односите Турција и ЕУ имаат своја богата историја.Имаш интернет отвори ако знаеш да читаш читај. Не лупај.
Од: Oд Мирко
Датум: 08.01.2011 09:48:08
Секогаш со задоцолство ги читам коментарите на авторот,затоашто се отворени и содржајни.,но неможам да го прифатам неговото воопштување на одговорност,за сосгтојбите во државата во изминатите периоди од постоењето на самостојната македонска држава. Застапувам гледиште дека треба прецизно да се кажува кој за што и во кое време од владеењето сноси одговорност за некои состојби, а не на пример да се кажува дека било исто владеењето на на двете најголеми политички партии..Во изаедначувањето на одговорноста секогаш се покриваат и кријат вистинските виновници за нештата. Во секој случај јас сметам дека на крајот најмногу вината паѓа на изборот на својата власт од страна на народот кој и го плаќа цехот.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Божикен егзил
Колку УДБ-а беше нашата судба (23)
Бакнежите за добро здравје разболеа половина нација
Бадник во Мала Речица по една деценија
Ниту леб ниту игри!
И гувернерот Гошев стаса за лустрација
Република во пламен!
За потсмев, ама и натаму амбасадор
Тутунарите се судрија со полицијата
Промашена деценија (2)
Вевчанци подготвени за василичарски ѓурултии
Пандев со победа ја почна новата година
Инспектори пак ќе влегуваат на „Перо Наков“
Kај и да си,за Бадник дома да си
Божиќен концерт во Соборниот храм
Новата средба на Нимиц со преговарачите на 9 февруари
Дивоградбите - по eдно евро за квадрат
Премиерот Груевски со честитка за Божик
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks