Број 3475  четврток, 06 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Божикен егзил

Гордана Дувњак

Расчинетиот владика Јован Вранишковски нема да ја проба засилената божиќна трпеза во Идризово.Нема да има шанса ни да ги благослови затворските штитеници за големиот христијански празник.Но, затоа му успеа навреме да ја испрати Божикната порака до своите ретки верници и тоа директно од домашниот притвор во Софија.Сега сигурно е веќе на пат кон некој српски манастир,или пак, кон неговата друга „природна средина“-Грција.

Македонската правда останува и натаму незадоволена.До некоја следна прилика! До оној момент, кога Вранишковски ќе се измори од доброволниот егзил во соседството и ќе реши да се врати во својата резиденција во битолско Нижеполе. Кога со влегувањето на македонска територија, се активира правосилната и извршна судска пресуда од велешкиот суд,кој пред повеќе од две години го осуди во отсуство.

Слободата на Вранишковски со судски печат му ја врати бугарскиот апелационен суд, кој го одби барањето на македонските надлежни органи за екстрадиција на владиката расколник со криминално минато.Залуден е сега гневот на владиката Агатангел, кој одлуката ја оквалификува како „удар врз МПЦ и врз македонската државата“. А министерот за правда Михајло Маневски изјавува дека со пресудата е погазена Европската конвенција за екстрадиција.

За судот не беа доволни аргументите содржани во образложението на барањето за екстрадиција, каде точно стои дека Вранишковски е осуден со правосилна судска пресуда на 2,5 години затвор, затоа што проневерил 250.000 евра црковни пари. И не е случајно, ни тоа што бугарските судии решиле да им поверуваат на двајцата сведоци,инаку блиски соработници и следбеници на Вранишковски.Свештени лица од непризнатата Православна Охридска архиепископија (ПОА), кои тврделе дека не станува збор за криминал, туку за политичка пресметка,заради неговите различни ставови со МПЦ.

Ваквиот потег на Софија е сосема логичен и очекуван, иако не е праведен. Особено ако се имаат предвид традиционалните врски во православниот свет, трнливиот пат на МПЦ за признавање и сопките што ги прават сестринските цркви од опкружувањето. Но, има и такви што мислат дека Бугарија, всушност, ни направила услуга со ваквата пресуда. Не спасила од натамошна бламажа како држава.

Зашто секогаш е непопуларно да се види свештено лице во мантија - со лисици. Тогаш е лесно да се дри на сите барабани и да се кажува дека во прашање се загрозени човекови права заради верско убедување. Тоа многу подобро се „пакува“ отколку сториите од црната хроника, кои говорат за алчни и криминални попови, кои крадат пари од верниците.

Македонија, за жал, не успеа на вистински начин да ја раскаже приказната за Вранишковски. Уште помалку, со тоа успеа да се справи МПЦ, која предолго ги толерираше испадите, провокациите и криминалот на самопрогласениот архиепископ. За среќа, српскиот „проект Вранишковски“ се покажа неуспешен. Не се случи она што го посакуваше и режираше Српската православна црква, за масовен пребег на православните верници од МПЦ во ПОА. Наместо тоа, непризнатата црква остана на маргините. Но, не и Вранишковски, кој се' уште посакува и успева да добие публицитет. На наша штета како држава!


#
Статијата е прочитана 1681 пати.

Испрати коментар

Од: Така ли е?
Датум: 06.01.2011 12:43:28
Авторката кажа еден куп непотврдени тези.За да биде расчинет еден владика,потребно е да за тоа гласаат 12 владици,а гласаа 7!За делото истиот е двапати ослободен од велешкиот суд,а дури на третото судење,под политички притиок е осуден.„Украдените“ 250.000 евра се кај оној што претходно ги донирал,Трифун Костовски,кој ги добил назад од Јован.Не е за чудење решението на бугарскиот суд,таму одлуките не ги носи Маневски!„Непризнаениот“ владика држи богослужби со вселенскиот патријарх!Толку од реалниот напис на авторката!
Од: pero magacinero
Датум: 06.01.2011 13:51:48
gordana,vraniskovski nee samoproglasen vladika tuku za vladika bese predlozen od g.petar,inakum toj bese indziner mislam gradezni,odkako se razocaral vo negovata zena se zapopuva i sinodot so site crkovni ceremonii mu ja dodeluva taa titula
Од: Hari
Датум: 06.01.2011 16:44:49
Izjavata na Manevski ama bas nisto ne mi znaci, ima li toj obraz da dade nekakvo mislenje? Kakov legitimitet ima MPC so G.Stefan Stefan, posle celosnata partizacija na MPC koja e sluga na Ovcarot i mnogubrojnite biznis aferi. Morame da bideme samokriticni a ne edinsveno "patrioti"???? makedonija e vo bezdna, no koja e pricinata za toa?
Од: мене
Датум: 06.01.2011 17:32:40
Тажни коментари!!! Ништо чудно што Македонија е во бездната, самите ја дотеравме таму. Ако ова се десеше на некоја др земја..... собствениот народ немаше да си дозволи да се сомнева во патриотизмот, кој овде е напишан со наводници! Ужасна сцена, тажна. Колку и да му се бара на господа на ја спаси Македонија, толку се гледа дека самите македонци не ја сакаат спасена. Ако не си мрдниш со прстот, никој неможе да стори ништо за тебе.
Од: Itar Pejo
Датум: 07.01.2011 07:26:42
Steta. Nemavme prilika da go vidime raskolnickiot vladika od raskolnickata crkva da paradira so lisici napred obezbeduvan od dvajca maskirani policijaci.
Од: Виктор
Датум: 08.01.2011 05:16:30
Да се разбереме, најмалку што сакам е да ги поддржам српскиот и грчкиот шовинизам и таа бесмислена српска црковна политика. Ама, да се потсетиме на некој факти. Прво, Вранишковски беше владика, епископ, во МПЦ. Како можеле да дозволат човек со такви ставови да биде владика. И второ, како може некој да биде осуден за проневера на црковни пари, кога таму ниту каса има, ниту документација, туку сите ги собираат парите во вреќи.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (23)
Бакнежите за добро здравје разболеа половина нација
Ја оправдавме ли независноста (3)
Бадник во Мала Речица по една деценија
Ниту леб ниту игри!
И гувернерот Гошев стаса за лустрација
Република во пламен!
За потсмев, ама и натаму амбасадор
Тутунарите се судрија со полицијата
Промашена деценија (2)
Вевчанци подготвени за василичарски ѓурултии
Пандев со победа ја почна новата година
Инспектори пак ќе влегуваат на „Перо Наков“
Kај и да си,за Бадник дома да си
Божиќен концерт во Соборниот храм
Новата средба на Нимиц со преговарачите на 9 февруари
Дивоградбите - по eдно евро за квадрат
Премиерот Груевски со честитка за Божик
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks