Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Политика

Се готви заемно оценување на универзитетите

Билјана Јовановска


Ако Владата ги усвои предлог-измените во Законот за високо образование, нашите универзитети ќе се најдат во ситуација меѓусебно да се оценуваат.

Министерот Никола Тодоров изјавува дека тоа е „европската практика на надворешно оценување што ја применуваат дваесетина еврочленки“.

Но, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ тврдат дека за вакво нешто не слушнале и дека тоа е мешање баби и жаби. Неколкумина еминентни професори, кои побараа да останат анонимни, сметаат дека оценувањето едни со други би отворило многу прашања и дилеми. Згора на се', заемната евалуација никаде не фигурира во Законот за високо образование и ова што сега се иницира, практично, нема никаква законска основа.

Неофицијално, околу 200 професори од најстариот државен универзитет предаваат на други државни универзитети. Оттаму, прашање е на кој универзитет, на пример, ќе се оценува работата на еден професор, кој поради спецификата на својата потесна стручност и дефицитот на кадри, предава уште на два други државни универзитета? На матичниот или на оние на кои е хонорарец? Нејасно, е исто така, каде што ќе бидат евалуирани нивните научни трудови - на сите универзитети на кои предаваат или, пак, и оценките може да варираат, па на еден факултет, според ставот на професори од „конкуренцијата“, нивниот колега да добие слаби оценки, на друг - одлични. Универзитетските професори, кои зад себе имаат огромно искуство, не слушнале за ваков начин на надворешна контрола и не веруваат дека такво нешто може да дадев плод.

Ако Министерството навистина сака да го зголеми квалитетот на високото образование, тоа може да го стори многу едноставно - со примена на членот 74 од Законот за високо образование. Во него многу јасно пишува дека „Евалуацијата на универзитетите ја врши Агенција за евалуација како самостојно тело, составено од 11 професори, кои се избираат со мандат на четири години, а конститутивната седница ја свикува министерот надлежен за работи во високото образование“.

Дознаваме дека меѓународна евалуација има само Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Поточно, тој поминал веќе низ две надворешни евалуации, а третата, наводно, е закажана за април и тоа со експерти од Европската асоцијација на универзитети. Тоа е постапка што чини, некои велат, доста скапо, меѓутоа, е и единствен начин некој однадвор да го процени квалитетот на услугите што ги даваат професорите на државните универзитети.


#
Статијата е прочитана 496 пати.

Испрати коментар

Од: РНД
Датум: 16.12.2010 12:46:11
Кога неможе да се направи нешто корисно - обично се прават тешки глупости. Дозволете некој да надвор да не оцени - па да видиме колку сме бедни. Дајте стипендии, направите престижни програми, донесете гости предавачи од странство (а не професори - профитери чија катедра е хоби), направете ги студентските домови.... ТОГАШ НЕМА ДА ИМА ПОТРЕБА ОД ВЗАЕМНО ИЛИ БИЛОКАКВО ОЦЕНУВАЊЕ!!!!
Од: Професорка
Датум: 16.12.2010 13:40:29
Ваков модел на оценување никаде нема. Секаде тоа го прават специјализирани агенции. Дали Министерот во животот видел еден таков сериозен извештај од оценување? За неговиот ун��катен модел, треба 10 години да се собираат и обработуваат податоци. На крај ќе има нерелевантни заклучоци. Ова во што се претвори високото образование, пред се со најголем број на Универзитети по жител, е навистина хорор. Го прашувам Министерот на каков начин ќе го оцени залудниот труд на Професорите кои само како “босоноги доктори“ патуваат скоро секој ден од крај на крај во МК за да одржуваат предавања во нечовечки услови? Постои ли цена на нивната научна и човечка деградација? Министре, високото од средното образование се разликува во науката која мора да ја има на факултетите. Вие ја уништивте со вашите експерименти. Оценките за кои зборувате се гола вода и ќе се наштимаат за политичка употреба. Направете резови и затворете ги институциите кои ги отворивте. Тие се срам за сите нас.
Од: Student od London
Датум: 16.12.2010 15:12:10
Kako diplomiran student na stranska univerzitet ja poddrzuvam ideava. Iako diplomirav na University of Greenwich, mnogu od moite ispiti i ispitni prasanja bea razgleduvani od strucni lica od drugi univerziteti kako na primer Bath University. Mozam da vi kazam deka edni od ispitnite prasanja napisani od predavac na 'mojot' fakultet trebase da se smentat zosto bea mnogu 'teski' spored eden od predavacite od drug univerzitet. I toa i se sluci. Namerno pisuvam predavac, a ne professor, zosto kaj nas vo Makedonija site se profesori, a toa e titula sto se dodeluva, a ne steknuva so ucenje. Taa titula e dosta retka vo Anglija, a kaj nas sekoj vtor e professor, pa durio i vo sredno uciliste.
Од: d.t.a Kavadarci
Датум: 16.12.2010 15:24:20
Normalno neka ne ocenuvaat i od strana no neka ima i vzaemno ocenuvanje, zosto da ne. Pa da vidime dali eden ist Profesor ke ima i isto ocenuvanje od site institucii kade sto raboti.A i ne mora mnogu da gi zalime Profesorite deka trcale od eden na drug fakultet, pa toa e profesija i odgovornost koi tie samite si ja odbrale.

Најди! во Утрински
Политика
Кој и зошто дава тајни документи под рака
Нема веќе реклами пред избори за џабе
Одделот реновиран, првата трансплантација неизвесна
Без налог нема да се прислушува
Болните на клиниките два часа без појадок
Oдбиено барањeто на Давид Нинов
Тутунарите го бојкотираат откупот
Денационализацијата финализира во 2011
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu