Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Политика

Одделот реновиран, првата трансплантација неизвесна

Промовиран одделот за интезивна нега со капацитет за 250 деца годишно

На Клиниката за детска хирургија вчера беше промовиран реновираниот оддел за интезивна нега со капацитет за 250 деца годишно. Но, неизвесно е кога ќе проработи, зашто засега нема ни доволно кадар, но и пари за негово функционирање. Со ова се доведува во прашање и стартот на првата трансплантација на црн дроб и бубрези кај децата што го најавија стручњаците за почетокот на идната година. Во меѓувреме, и натаму продолжува практиката оперираните деца кои имаат потреба од интензивно лекување да мора да се шетаат до други клиники и да се сместуваат на интезивна нега на КАРИЛ и на Детската клиника. „Од 125 точки што требаше да ги направиме за да може клиниката да ги прави најкомплицираните операции, па и трансплантации, е отворањето на одделот за интензивна нега кој денес се промовира. Но, за да профункционира одделот, треба да се дефинира уште колку и каков кадар е потребен“, посочи д-р Владимир Чадиковски, претседател на Националната фондација за трансплантација.

За да може да ги изведуваат и најсложените операции, од клиниката не знаат дали Фондот за здравствено осигурување ќе им даде повеќе средства годинава. Буџетот на клиниката изнесува околу 46 милиони денари, а клиниката должи околу 22 милиона денари. Само за режиски трошоци, на клиниката месечно и' требаат околу еден милион денари.

Одделот за интезивна нега беше реновиран и опремен со 2,6 милиони денари донации од поединци и компании собрани во хуманитарната акција „Можеш ако сакаш“, организирана од холандската амбасада и од Националната фондација за трансплантација. Од државата одделот засега има добиено само еден ехо-апарат, иако министерот за здравство Бујар Османи најави дека од големиот тендер ќе бидат обезбедени и други апарати.

Амбасадорката Симоне Филипини, нагласи дека акцијата продолжува со донацијата од американското Министерство за одбрана и законот за трансплантација, кој е во владина процедура. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 422 пати.

Испрати коментар

Од: bingo
Датум: 16.12.2010 13:35:35
Ova e strasna reklama, koja vsusnst ne odgovara na lekarskiot poziv iaktivnost. A pogotovo sto proektot e neobicno kompleksen i tezok za izveduvanje. Da se nadevame deka nema da se povtoruva prikazkata kako so transplantacija na bubrezi kaj vozrasni koi vecina se vrakaat na djaliza, poradi losoto strucno menadziranje na presadkata. Uf..
Од: asnabey
Датум: 16.12.2010 14:30:49
jas ne mozam da veruvam deka ambasadorkata ucestvuva vo eden cirkus. kakva intenzivna bez anesteziolozi. isto kako na neurohirugija. so specjaizanti. zatoa lecenjeto na pacinetite e za vo hag.
Од: Gospod gleda lugjeto ne veruvaat!
Датум: 16.12.2010 14:54:05
Peralnata za pari so ekspozituri (istureni oddelenija) vo sekoe ministerstvo se sluzi so isti metodi: plati poskapo,a razlikata primija na raka! Zakonot so koj sekoj Makedonec vo Makedonija stana "neorana niva" i daritel na organi bez pritoa da postoi sistem za spasuvanje na zivotot spagja vo najtemnite denovi za medicinata vo Makedonija, no i posiroko. Gospod gleda, lugjeto ne veruvaat!
Од: Трпе
Датум: 16.12.2010 19:24:46
Хартијата трпи се.Пропагандната блада се фали имала програма.Каква програма,може да биде од 500 или илјадници страници но на крајот што се постигнува од тоа.Кажуват дека во буџетот одвоиле толку,онолку пари за здравствотоА кога на крај ке се види дека не инвестирале ниту една десетина за подобрување на здравството.Но гарантираните пари за култура,споменици.лавови,музеи,капии има.Таму најлесно се перат парите.Со еден лав ке се набавеа 100 возила Лади Ниви.А со четрите лава сигурно 200 до 300 санитетски возила.За болните од дијабет да не стане збор.А какви кровови прават,нормално убијци.

Најди! во Утрински
Политика
Кој и зошто дава тајни документи под рака
Нема веќе реклами пред избори за џабе
Без налог нема да се прислушува
Болните на клиниките два часа без појадок
Се готви заемно оценување на универзитетите
Oдбиено барањeто на Давид Нинов
Тутунарите го бојкотираат откупот
Денационализацијата финализира во 2011
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu