Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Политика

Кој и зошто дава тајни документи под рака

„Викиликс“ стана мода која лошо ја копираат нашите. Земјава деновиве е преплавена од протек на доверливи податоци

Горан Адамовски

Лоша копија на „Викиликс“. Вака дел од експертите во земјава го окарактеризираа најновиот бран „протекувања“ доверливи податоци што ја преплавија земјава. Лични податоци кој колку зема плата, колку му даваат под рака, кој кому и колку должи, „којзнае од каде“ излегуваат во јавноста. Кој ги пушта - не се знае. Доверливите информации секогаш стигнуваат на вистинска адреса, одигрувајќи ја улогата што им е наменета.

„Тоа што сега ни се случува слично на ’Викиликс‘ не е нешто што е непознато во светот на политичката комуникологија“, смета комуникологот Петар Арсовски. Тој објаснува дека во поразвиените земји непишано правило е дека „за секоја информација што побудува јавен интерес, ќе се најде некој и ќе се најде начин да ја проследи во јавноста“.

„Кај нас, пак, тоа се злоупотребува и тоа најмногу од оние што имаат пристап до тие информации и што имаат најмногу интерес да ги злоупотребат“, смета Арсовски.

Дека станува збор за глобална мода, која се прошири и на Балканот, се согласува и професорот Стево Пендаровски. Според него, и нашите „хакери“ видоа како работи Џулијан Асанж, па се обидуваат да го имитираат.
„Сепак, огромна разлика има во тоа што во голем број држави, меѓу кои и Македонија, не се складираат информациите на начин како што го прави тоа САД. На пример, ако си хакериш и успееш да влезеш на сајтот на Министерството за одбрана, единствено што ќе можеш да дознаеш, е кој е министер, а кој му е заменик. Во спротивно, ако сакаш да стигнеш до некој таен или личен податок, треба да провалиш во просторијата каде што се чуваат, односно да скршиш брава“, сликовито појаснува Пендаровски.

Тој не мисли дека оваа мода е лоша или добра за демократијата во Македонија, но, сепак, смета дека сите протекувања на ваквите информации се прават со асистенција на „некои структури на власта“.

Политикологот Владимир Божиновски гледа вина и во медиумите, кои ги сервираат доверливите информации во зависност од интересот.

„Ако станува збор за класифицирани информации, треба да се види кој и зошто ги пуштил или, пак, дозволил некој друг да ги види или да ги објави. Одговорноста мора да се лоцира“, ни изјави Божиновски. Тој, сепак, смета дека јавноста мора да биде информирана за линкови меѓу одредени медиуми со групации или политички партии.

Од Дирекцијата за заштита на личните податоци објаснуваат дека законска обврска на секое правно лице е во својата документација да има донесено правилник за технички и организациски мерки, кои обезбедуваат тајност на податоците.

„Законот создава обврска за оној што има база на податоци да наведе кои податоци се собираат, зошто се собираат, каде се чуваат, како се обработуваат, кој има пристап до нив“, вели Елена Стојановска од ДЗЛП.

Дирекцијата ги казнува фирмите и институциите што немаат ваков правилник. Казните се парични, но случајот подоцна може да се пресели и во суд, кој, пак, може да пресуди и поинакви казни.

Но, тогаш се поставува прашањето од каде протекуваат доверливите документи? Платите на вработените во А1 и во А2 телевизија, кои со нивните матични броеви беа објавени на „Фејсбук“ од страницата „UJP leaks“, а на кои се гледа дека вработените кај Рамковски поголемиот дел од парите ги земаат на рака, отвори истрага што стигна до Министерството за внатрешни работи. Се истражува кој го злоупотребил логото, профилот и називот на Управата за јавни приходи. УЈП писмено побарала помош од МВР.

„Соработуваме и со Дирекцијата за заштита на личните податоци, кои побараа од Одделот за компјутерски криминал да се открие ИП-адресата од каде што е постиран лажниот профил. Подоцна ќе се види за какви злоупотреби станува збор“, вели Иво Котевски од МВР.

Во меѓувреме, инспекторите на ДЗЛП вршат надзор во институциите што се инволвирани во овој случај на каков било начин. Додека трае истрагата со тајните документи од сефот на фирмите од „Перо Наков“ б.б., јавноста ќе чека нови продолженија од „Викиликс“ на македонс��и начин. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 2744 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 16.12.2010 15:22:56
Kasa prime ne se znae ni kade i koga. Dokumentot od madjarskata carina se znae i koga i kade i koj. Znaci ima razni MaceLeaks.
Од: oko
Датум: 16.12.2010 15:59:01
Od koga pa PLATITE se doverlivi informacii....dali vie znaete kolku pari pravi Ronaldo ili Runi....znaete epa zasto e tajna kolku zarabotuva Mladen Cadikovski.....Problemot ne e golemata plata i malata plata problem e sto 30% bile zakonski plateni a 70% kes na raka za koja drzavata ne naplaka danoci nema pari za penzisko zdrastveno i sl....
Од: misla
Датум: 17.12.2010 00:55:16
Samo edno prasanje do avtorot na tekstov: Dali voopsto znae sto se doverlivi dokumenti i sto e toa kriminal. samo dali znae toa da go razgranici? Doverlivi dokumentio ne se spisocite za plati od Pero Nakov ako na toa mislese avtorot... pozdrav, mrazi nekogo i ne sakaj go, ama koga go pravis toa javno i kako novinar pravi go so argumenti, vo sprotivno se diskreditiras do taa mera sto nareden pat tvoeto ime ke bide reoper za lagi

Најди! во Утрински
Политика
Нема веќе реклами пред избори за џабе
Одделот реновиран, првата трансплантација неизвесна
Без налог нема да се прислушува
Болните на клиниките два часа без појадок
Се готви заемно оценување на универзитетите
Oдбиено барањeто на Давид Нинов
Тутунарите го бојкотираат откупот
Денационализацијата финализира во 2011
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu